Во Србија пристига помош од сите страни: Вучиќ вети поддршка за соседните држави

0

Александар Вучиќ, првиот човек на Србија вечерва го пречека авионот од Кина со помош како во медицински материјал, така и во човечки кадри.

Српскиот претседател најави дека Србија ќе почне да произведува заштитни маски, квасец кој го нема во Србија, алкохол, натриум хипохлорид, а најави и голема медицинска помош со два авиони од Кина, помош од ОАЕ, Норвешка и други држави, најавувајќи дека се набавени и респиратори и околу 15 милиони маски.

Доколку во Србија се случи италијанско сценарио, ние наскоро на Белградскиот саем ќе подготвиме центар со 3000 кревети и 5000 кревети во други центри во државата.

На прес конференцијата Александар Вучиќ изрази поддршка за земјите од регионот, вклучувајки ја и Македонија во справувањето со корона вирусот. Тој вели дека не треба да бидеме како ЕУ од која не добиваме никаква помош.

-На Владата ќе и предложам нова остра мерка, од утре да се продолжи полицискиот час, наместо од 20 часот, тој да почне од 17 часот до 05 часот наутро. Ве молам разберете луѓе, ова е потребно за да преживееме, кажа Вучиќ.

Тој побара граѓаните да не излегуваат од дома, за да не мора уште повеќе да го продолжува полицискиот час.

Вучиќ ги повтори денешните одлуки на Владата, за забраната на движење и во парковите и за дозволата за постарите од 65 години утре, во недела да можат да излезат од домовите, во периодот од 03 до 08 часот, за да можат да ги купат потребните намирници.

Претходна статијаПадна одлука: Полициски час на територија на цела Македонија
Следна статијаАцо Кабранов: Дали техничката Влада функционира како раштиман оркестар