Во државата во која живеат многу Македонци воведен полициски час

0

Соединетите Американски држави не останаа имуни на најновата закана, која буквално го парализираше целиот свет. Во најголемиот Американски град, центарот на светот, како што го нарекуваат, Њујорк, од утре ќе бидат затворени сите ресторани, барови, театри и сите места каде што се собираат луѓето.

Бројката на заразени во Америка почна да се зголемува пред само неколку денови, а денес веќе порасна за 1000. Се очекува прогресија и следните денови и нема прогнози кога би можела да го достигне својот пик.

Претседателот Трамп постојано ја смирува нацијата, но се погласни се неговите противници, кои му забележуваат дека закаснил со реакцијата.

Гувернерот на американската сојузна држава Њу Џерси, соседна на Њујорк, држава во која живеат најголемиот број Македонци во Соединетите Американски држави, најави во понеделникот полициски час за сите продавници и забрана за движења на населението кои не се неопходни, што е прва таква мерка донесена во некоја од сојузните држава на САД против ширењето на епидемијата на коронавирусот.

„Од вечерва, сите продавници и сите забавни активности и активностите кои не се потребни мора да бидат затворени во 20 часот“, објави гувернерот Фил Марфи на својот профил на Twitter.

„Сите движење кои не се неопходни или не се поврзани со итните случаи се прекунуваат од 20 часот навечер до 5 часот наутро“, додава Марфи.

Бројот на потврдените случаи на коронавирусот во САД во понеделникот ја надмина бројката од 4.200, а починале 74 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот им ги соопшти на сонародниците насоките во сузбивањето на ширењето коронавирусот за следните две седмици.

Порача дека американските државјани треба да ги избегнуваат патувањата кои не се неопходни, дека не треба да ги посетуваат ноќните клубови, кафулињата, рестораните и салоните за фитнес.

Трамп додаде дека во моментов не размислува воведување полициски час во земјата, и изрази надежа дека нема да мора да воведува ограничувања на патувањета на самата територија на САД.

Претходна статијаГерманија под клуч: Познато само што ќе работи во цела држава
Следна статијаЗошто се случува ова во Италија, зошто карантинот трае 14 дена – сите одговори ги дава Мелита од СЗО