Германија под клуч: Познато само што ќе работи во цела држава

0

Во Германија ќе работат само маркети, пазари, банки и аптеки. Се затвораат кафулиња, клубови, театри, музеи, и цркви за да го забават ширењето на коронавирусот.

Рестораните и другите објекти за јадење ќе бидат отворени помеѓу 6 и 18 часот.

Целта на властите е ограничување на социјалните контакти на јавни места како одговор на епидемијата на коронавирусот во Германија.

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека земјите од Г-7 се согласни заедно да дејствуваат со координирани мерки во спречување на ширењето на коронавирусот како и справувањето со последиците.

Во регионот Србија и Косово прогласија вонредна состојба, но засега нема вонредна состојба во Македонија.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите од Г-7 се согласни заедно да дејствуваат со координирани мерки во спречување на ширењето на коронавирусот како и справувањето со последиците од него.

Претходнопретседателката на Европската КомисијаУрсула фон дер Лејен на денешната прес конференција изјави дека ЕУ размислува да воведе 30 дневна забрана за движење за луѓето кои влегуваат во Унијата, освен ако нивното патување е неопходно, во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во пресрет на самитот на ЕУ кој се одржува преку видео-конференција, таа во понеделникот истакна дека лидерите на земјите членки треба да воведат привремени мерки ограничувања за неселективно патување во Европска Унија.

„Повеќе не станува збор за да ги спречиме луѓето да стапат во контакт со вирусот, ова е пандемија и не може да се спречи“, соопшти германската телевизиска станица.

„Експертите проценуваат дека најмалку 2/3 од луѓето во Германија ќе дојдат во контакт со вирусот и ќе се разболат. 80 проценти лесно ќе се справат со вирусот, но на останатите ќе им треба лекарска помош и околу 6 проценти ќе завршат на интензивна нега. Во Германија тоа се милион жители“.

Претходна статијаПовеќе нема шега: Падна одлука – се затвора цела Македонија
Следна статијаВо државата во која живеат многу Македонци воведен полициски час