(ВИДЕО) Се огласија лицата кои се во карантин во Пепелиште: Овде нема услови, не сме миени четири дена, ќе премрзнеме

0

За време на својата прва денешна прес-конференција, Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од денес касарната во Пепелиште кај Криволак ќе се претвори во карантин за над 200 наши Македонци повратници од кризните региони.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денес го посети објектот и пртиоа најави:

Пепелиште е првиот пункт на кој ќе пристигаат нашите граѓани кои доаѓаат од високо ризичните земји. Ова ќе биде шанса, изолирано од останатиот дел на нашето население, да се направат првите проверки од страна на медицински лица и да се донесе одлука што понатаму. И од Криволак ја праќаме пораката – бидете дома, останете здрави и помогнете ни да се справиме со овој голем предизвик.

Во меѓувреме од најавените 200 луѓе, досега пристигнаа само девет луѓе кои веднаш по пристигнувањето се огласија со видео снимка и притоа беа мошне револтирани.

Телевизија 24 на социјалните мрежи постираше видео од карантинот во Пепелиште, Криволак, во кој владата планира да ги сместува оние кои доаѓаат од странство, од ризични земји.

На видеото, група патници зборуваа пред камера и искажаа силни негодувања околу условите во кои сакаат да ги сместат. Тие се жалеа дака во објектот е ладно, дека наводно било валкано, дека биле скинати перниците.

-Ние сме четири дена на пат. Сега сакаат да не сместат овде, во простории во кои нема никакви услови. Ние со денови не сме бањати, ќе се усмрдиме, овде нема ни средства за хигиена ни ништо, се жалат патниците.

Нека не пуштат дома. Ние живееме на иста улица. Ќе можат лесно да не контролираат доколку ни дозволат да бидеме во домашен карантин, апелираа патниците.

Станува збор за повратници од Австрија кој велат дека таму нема услови за живот. Нема греење, нема вода каде да се измијат, а притоа и снимија дека креветите се искршени како и дел од инвентарот, а и реагираат за хигената.

„Овде нема услови, четири дена не сме миени. Немаме јадено 24 часа. Зошто само ние сме овде, само 9 луѓе. Лага е дека има 200 луѓе. Два пати не тестираа, здрави сме. Сакаме да не пуштат дома во домашен карантин. Сите сме на иста улица. Еве може и полиција да ни стават, ако излеземе од дома нека не апсат веднаш.

Претходна статијаДимитров: Апелиравме до нашите во дијаспора да не патуваат, а денес многу Македонци поминале граница
Следна статијаМакедонци од Германија и Шведска: Овде се уште им се чини мајтап – мува не ги лази