(ВИДЕО) И армиската механизација на терен кај Инфективна: И по снег засилено се работи

0

Како што репортираат граѓани на социјалните мрежи, д утрово и Армијата се вклучи во расчистување на теренот околу Инфективната клиника, со цел да се изгради нов влез за подобар пристап до оваа клиника.

Публикувахте от Damjan Hristov в Понеделник, 23 март 2020 г.

Механизација на АРМ и покрај лошите временски услови и снег веќе е на терен и започна со работа и помош на останатите градежни работници.

Ова е неопходно, со цел да биде на готовс овој назначаен здравствен капацитет, доколку дојде до поголем број заразени од коронавирусот во земјава.

Расчистувањето на теренот стартуваше уште во текот на викендот, а механизација активно работеше на рушење на студентскиот дом Медицинар. Тогаш во помошта се вклучи и Градот Скопје.

„Браво!!! Доаѓа и Армијата да помогне со нејзината механизација!!!“, напиша Дамјан Христов на неговиот фејсбук профил, споредувајчи видео и фотографии.

Претходна статијаНов ден, нова човечка загуба од Корона – втора во Македонија
Следна статија(ВИДЕО) Кога ЕУ не помага, по Кина и Куба, во Италија пристигна голема помош и од Русија