Новинарот Васко Ефтов важи за еден од бардовите на Македонското новинарство. Во текот на годините наназад, можевме да го видиме на речиси сите Македоснки телевизии.
Во последната полусезона, тој одлучи повеќе да не се врзува со ТВ куќа, туку својот проект ,,Во Центар”, да го емитува на Јутјуб. Ефтов е еден од првите Македонски новинари кој се одлучува на ваков храбар чекор, борејќи се самиот да ја постигне потребната гледаност, за да може и добро да заработи од својата работа.
Сличен стил на работа има и еден друг познат новинар во нашата земја, кого исто така го гледавме на речиси сите телевизии, со неговиот проек ,,Миленко Неделковски Шоу”, новинарот Миленко Неделковски.
Сепак, неговите емисии се поретки и се чини дека Неделковски истите ги прави повеќе за своја душа што би се рекло, отколку од сето тоа и да заработува. За разлика од порано, неговите емисии се продукциски послаби, но тој си има своја публика која е во завиден број.
Васко Ефтов сето ова го прави на едно повисоко ниво и притоа потенцира дека и продукцијата е лично негова. Во изминатите години Ефтов направи низа брилијантни интервјуа, а дел од нив останаа запаметени по неговата жестина кон гостите.
Јавноста се сеќава дека пок ојниот Бугарски министер Божидар Димитров стана и го прекина интервјуто со Ефтов, а слично нешто се случи и со актерот Сашо Тасевски во минатата сезона од емисијата на Васко Ефтов.
Пред последната емисија од завчера, во која гостин му беше лидерот на Интегра Љупчо Ристовски, Васко Ефтов за неговите гледачи ги соопшти неговите планонови за во иднина.
Ефтов наведе дека планира да отвори уште еден канал на социјалната мрежа Јутјуб, на кој ќе пушта кратки исечоци со коментари од неговите емисии, но најави и отворање на портал.
Со тоа, како што наведе Ефтов, тој сака високо да се етаблира во Македонскиот медиумски простор и да биде фактор на влијателност, веднаш после Сител и Канал 5.
-Сакам по којзнае кој пат да потенцирам, дека ние ова го правиме самите, без никаква финансиска помош од разноразни бизнисмени, олигарси, масла… Така и ќе продолжиме, сами ќе финансираме, рече Ефтов.
Дали ќе успее во неговата намера, останува да видиме, но познавајќи ја неговата упорност и истрајност во неговата работа, многу веројатно е Васко Ефтов да успее.
П.П.