Ване Цветанов: Мене власта на Груевски ме стрпа 13 месеци во Шутка и издржав, вие не можете 14 денови дома

0

Владата донесе одлука за затворање на училиштата и градинките, ограничување на работата на кафеаните и рестораните, одложување на културните и спортските манифестации.

Исто така беа укинати бесплатните билети за возење со јавниот превоз, родителите кои имаат деца под десет години, еден од нив, беа ослободени од работа, со платено отсуство и низа други мерки, сè со цел за превенирање на Коронавирусот.

Сепак, се чини, како да не ја сфаќаме ситуацијата доволно сериозно. Па така, на социјалните мрежи можат да се забелажат фотографии од полни кафеани и кафичи, мајки со деца си се шетаат низ градот, со еден збор, многумина овие мерки ги сфатија како принуден одмор во кој треба да се разонодуваат и да си тераат социјален живот, а замислата беше токму спротивното.

Ване Цветанов со свој совет како да се издржат мерките кои треба и мора да се спроведат:

,,Кој не знае што да прави сам со себе во 4 ѕида, давам совети во инбокс.
Цена 10 евра по совет.

Советите ќе бидат поткрепени со 13, ТРИНАЕСЕТ МЕСЕЦИ ВО ПРИТВОР во Шутка…Мое лично искуство. А си ги одлежав, затоа што јавно сум зборувал против Никола Груевски, други докази немаа…

Така да, не се секирајте, дома имате СЕ, а треба да издржите 14 дена. Во Шутка немаше ни струја освен бродска сијалица, ниту пак телефони и интернет… мЗатоа ви велам, имате што да правите и ДА УЖИВАТЕ СО БЛИСКИТЕ…

Ова е позитивна можност за секој од вас драги пријатели. А за цената и наплаќањето СЕ ШАЛАМ, секој совет ќе Ви го споделам бесплатно, алал И ОД СРЦЕ!

Само Вие решете да седите дома и да бидете фактор кој ќе помогне во згаснување на вирусот, за наше општо добро.”

Претходна статијаВаско Ефтов: Ќе бидам трет медиумски фактор во Македонија, после Канал 5 и Сител
Следна статијаЗоран Вујчиќ, најпознатиот хемичар од Србија со совети што да се употребува за дезинфекција