СДСМ: Листите за пратеници на ВМРО ги подготви Груевски – Мицкоски денес ќе ги донесе од Будимпешта

0

Денес политичката партија ВМРО-ДПМНЕ информираше за посетата на Претседателот Мицкоски на Унгарија и средба со Премиерот на оваа земја Виктор Орбан:

,,Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски денес (09.03.2020 година) во Будимпешта остварија средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската владејачка партија Фидеш Виктор Орбан.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, европските перспективи на државата и начините за понатамошна соработка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го информираше Унгарскиот премиер за загрижувачката економска и политичка состојба, како и високиот степен на криминализираност на општеството која поминува неказнето и со отсуство на волја на македонската Влада да влезе во отворена битка против корупцијата.

Воедно, Мицкоски на средбата посочи дека нема друг таков пример каков што е случајот со Заев каде премиерот се фали со остварено влијание и диктирањето на одлуки на Врховниот суд и обвинителството и без притоа да има било каков правен епилог, ниту разрешница за ваквиот скандал.

Со оглед на фактот што актуелниот комесар за проширување и добрососедска политика Оливер Вархелиј доаѓа токму од партијата на Орбан, главна тема на разговорот беше инсистирањето и лобирањето на Мицкоски Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија…”

Со реакција на соопштението на ВМРО- ДПМНЕ, се јавија од СДСМ, кои сметаат дека Мицкоски всушност отишол во Будимпешта на координација со Никола Груевски:

,,Извршителот Мицкоски отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта Никола Груевски, да му ги одобри листите за пратеници.

Извршителот Мицкоски не смее да понуди ништо , тој само ги извршува наредбите на неговиот шеф, Никола Груевски. Дури ниту листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски.

Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски само треба да ги донесе. Е на таков извршител е сведен Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја води Груевски, човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20 илјади граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди.

Извршителот Мицкоски е само негова продолжена рака и има задачи да ги продолжува политиките на Груевски и да инсталира негови луѓе во Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот. Затоа на 12 април, поразот на Мицкоски е извесен”, велат од СДСМ.

Претходна статијаКаде ќе им оди душата: Украле 2500 евра за обнова на црква во беровско
Следна статија(ВИДЕО) Атиџе за прват славеше 8-ми март: Кога се фати за микрофонот следеа овации