Каде ќе им оди душата: Украле 2500 евра за обнова на црква во беровско

0

Голем грев во беровско Владимирово. Парите за обнова на црквата Свети Спас, се украдени од црковните простории. Според информации на ТВ Стар, се работи за сума од околу 2.- 2.500 евра, а која е собрана деновиве од донации.

Кражбата е регистрирана рано утринава, а засега непознатите крадци, внатре влегле кршејќи ја влазната врата. Ова е шок за овдешните жители, кој неколку години наназад собираат пари за онбова на црквата која беше уништена во голем пожар:

„Првпат такво нешто се случува во црквата која е изградена во 1841 година наваму. И сега наместо да се обнови со донациите се случи она што никој не го посакуваше“ изјави Бранко Ужевски, прет. на Здруж. Владимирски илинденски средби

Дополнително, овдешните жители се вознемирени и од фактот што истата вечер од селото е украден и автомобил марка нисан, а обид за кражба имало и во цврката Свети Илија, но оттаму не е украдено ништо.

„Владимирово не може да се помири со оваа ситуација и ги повикуваме надлежните да го истражат ова и никогаш повеќе да не се повтори изјави Бранко Ужевски, прет. на Здруж. Владимирски илинденски средби

Од полицијата ги потврдуваат кражбите во Владимирово и информираат дека се работи на расчистување на случајот:

„Украденото возило марка нисан, веќе е пронајдено и вратено на сопственикот. Во црквата Свети Спас е извршен увид и се работи на расчистување на случајот“, информираат од СВР.

Инаку засега нема информации за евентуална поврзаност на кражбите. Се работи ли за исти сторители или повеќе групи, треба да утврди полициската истрага.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ Стар.

Претходна статијаФилипче се огласи повторно – откри што ќе биде со директорката која ,,закачи” Корона
Следна статијаСДСМ: Листите за пратеници на ВМРО ги подготви Груевски – Мицкоски денес ќе ги донесе од Будимпешта