Ништо од свадба на македонската водителка, момчето вели: Ни јас не сум знаел дека ќе се женам

0

Македонската водителка Ирена Спировска ужива во љубовната врска со Душко Исајловски.Кога станува збор за нејзиниот приватен живот, таа е резервирана и не сака многу да открива детали ниту пак да коментира.

Меѓутоа, деновиве во медиумите осамнаа приказни дека наводно Спировска наскоро ќе заплива во брачните води.

Популарната македонска водителка (и новинарка) и поранешната маркетинг-директорка од ТВ Алфа Ирена Спировска и нејзиното момче Душко Дуле Исајловски, дефинитивно, нема својата љубов да ја крунисаат со брак, како што се изнапишаа со сласт поголемиот дел од македонските портали.

ВЕЧЕР ги контактираше и двајцата за да дојде до точни информации, но и под претпоставка дека можеби и има некоја трошка вистина која би ја криеле од нас.

– Ете, ни јас не сум знаел дека ќе се женам. Но, бидете спокојни, нема ни трошка вистина во текстовите кои, рака на срце, и мене ме изненадија. И воедно воодушевија со оглед на бујната фантазија која ја имаат таквите новинари што сакаат храбро да си измислуваат, вели Дуле кој притоа и слатко се изнасмеа.

Инаку, врската помеѓу згодната Ирена и Дуле трае веќе неколку години. Двајцата се љубители на пешачењето во природа. Oд таму датира нивното познанство, па потоа и пријателство преку освојувањето на планинските врвови, кое најпосле спонтано прерасна во искрена љубов. Во почеток се криеле од многу причини, секако најмногу од љубопитни новинари, па откако од еден (поранешен) естраден ТВ-таблоид биле буквално снимени како се држат за рака на модна ревија во Скопје, вљубената двојка не можела повеќе да се крие.

Се бунеле, но за џабе! Испадна како во холивудските филмови: сите се прашувале кој е човекот со специфична брада, со избричена глава, човекот кој претерано многу личи на познатиот Онур (турскиот актер) од серијата “Шехерезада“? Кога папараците почнале да ги следат во секој нивен чекор, народот си ја доби саканата поомекната приказна на македонски начин.

Претходна статијаСведочеше сопругот на Марина Туцаковиќ и откри зошто му давал пари на Боки 13
Следна статијаНа граничниот премин Деве Баир засилени мерки – Филипче откри што се случува