Докторката Катерина од Инфективна клиника во Скопје говореше за состојбата на пациентите

0

Пациентката од Дебар, за чија состојба министерот за здравство Венко Филипче објави дека е во критичка состојба, бидејќи кај неа настапило влошување во текот на претходниот ден, има 66 години. Таа е приклучена на респиратор. Инаку, таа пациентка имала проблеми и со висок крвен притисок, како и со срцето.

Заедно со неа, во моментов, од сите 19 хоспитализирани пациенти, четворица се на кислородна поддршка, информираше во емисијата „360 степени“ на телевизијата Алсат-М докторката Катерина Спасовска, од Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Станува збор за пациенти со потешка клиничка слика, каде има и белодробен наод, во смисла на воспаление на белите дробови. Тие можат и сами да дишат, но има параметри преку кои тоа се мери, и преку мониторите и преку лабораториските анализи, преку кои се проценува дали и колку кислородна поддршка им треба“, објасни доктор Спасовска.

Според неа, останатите пациенти се апсолутно во една добра кондиција. Кај еден дел кои беа на почетокот биле хоспитализирани и кај кои привршува лекувањето, сега има навистина подобрување.

„Очекуваме дека овие пациенти нема да затајат респираторно и дека ќе се санира инфектрт, и нема да имаат потреба од кислородна поддршка“, рече Спасовска.

Директотката на Клиниката за кожни болести, пак, Нна Цаца Билјановска, сега била кон крајот на лекувањето и е во подобра состојба во однос на почетокот кога беше хоспитализирана.

Претходна статијаПоради растот на бројот на случаи со Корона од Министерството за здравство излегоа со важно соопшение
Следна статијаИран и Јордан се можеби новите пазари за Македонија