Авиони над Европа од среде лет се враќаат назад – информирајте се пред да тргнете на пат

0

Авионскиот сообраќај е еден од најризичните во ова кризно време со Корона. Зошто, бидејќи фреквенцијата на луѓе на аеродромите е најголема. Поради тоа, препораките за внимателност на аеродромите се најголеми.

Еден од начините за заштита е носењето маска, но и средство за дезинфекција на рацете, бидејќи тие доаѓаат во допир со разни предмети на аеродромот, се носи багаж, се држат документи и патни исправи…

Едностраната забрана на Доналд Трамп за САД од Европа се очекува да влијае на 13.500 летови и 4 милиони патници во текот на следните четири недели, тврдат авијатичките аналитичари од ОАГ.

Авионите на британската нискобуџетна компанија „Џет2“ се вратени од среде лет откако беа откажани летовите кон Шпанија, а Полиш ерлајнс исто така ги прекина летовите од Полска и Унгарија наредниве 10 дена.

Авионите на „Џет2“ упатени кон Шпанија денеска биле вратени назад среде лет откако авиокомпанијата ги откажа сите летови кон земјата поради пандемијата на ковид-19.

Одлуката уследи по наглото зголемување на бројот на заразени во Шпанија и зголемувањето на бројот на починати на 120 лица. Владата во петокот прогласи вонредна состојба и стави 60.000 луѓе во четири града под задолжителен карантин.

„Ова е сложена ситуација што брзо се менува и ние итно ги разгледуваме нашите програми, за да можеме да ги вратиме клиентите назад во Велика Британија. Здравјето и безбедноста на нашите клиенти е наш приоритет број еден и сакаме да им се заблагодариме на нашите клиенти за нивното разбирање“, соопшти авиокомпанијата.

Одлуката на Џет2 дојде откако ЛОТ Полиш ерлајнс соопшти дека од 15 март ги прекинува сите летови од Полска и Унгарија во текот на 10 дена.

Епидемијата на коронавирус има драматичен ефект врз воздушниот сообраќај. „Бритиш ервејс“ му соопшти на својот персонал дека очекува да го намали бројот на работните места и да откаже досега невиден број летови, пренесува мкд.мк

Претходна статија(ФОТО) Некој сериозно си ја сфати работата – Сити Мол ревносно се бори против заразата
Следна статијаД-р Харис: Апелирав, но јас сум немоќен – во петокот на ,,Џума” отидоа и мои роднини