(ВИДЕО) Миро Бекстејџ истера Бугарска старлета од емисија бидејќи неќеше да му покаже ,,нешто повеќе”

0

Во естрадниот магазин „Бекстејџ“ гостуваа старлетите Драгана Спасовска и Нора Недкова од Бугарија.

Во интервјуто, двете зборуваа за нивните професии, открија дека во соседна Бугарија ги нарекуваат „лесни женскии“, па признаа и дека од време на време знаат да им извадат и по некоја муабет дека имаат „тарифа“ и се дружат исклучиво со богати и реализирани мажи, што тие остро демантираа.

На прашањето дали се срами од зборот ,,Старлета”, Драгана Спасовска одговори дека не се срами, туку напротив, старлета е и најпознатата, Ким Кардашијан. Треба ли и таа да се срами?- одговори Фрагана Спасовска.

Инаку Драгана Спасовска веќе со години живее во Дубаи, од каде поставува фотографии на кои се гледа луксуз, скапи брендови, автомобили, но и познати личности од светот на спортот, филмот и политиката во нејзино друштво.

Бугарката Недкова пак, на прашањето околу зборот старлета одговара дека е малку е непријатно за нејзините родители, но дека таа успеала сите да ги убеди дека нејзината професија е актерство, така да нема потреба да се срамат од неа.

Драгана Спасовска потенцираше дека во Бугарија побрзо ги прифаќаат овие нови трендови, за разлика од кај нас, каде луѓето се сеуште поконзервативни.

Во еден момент, водителот ја праша Нора дали е вистина дека таа има своја тарифа и ако да, колку изнесува таа тарифа. Бугарката ги негираше овие шпекулации.

Но Миро продолжи да ја провоцира и во еден момент побара од неа да му покаже нешто повеќе, во вид на фотки или фотографии.

Тука Бугарката излезе од такт и му возврати во тој случај да покаже и тој што има под гаѓите, доколку не се срами. Да одат заедно до тоалет за тој да ги соблече ѓаќите. Миро вербално го одобри нејзиното барање, но не се одвои од троседот.

Тој и напомена на Бугарката дека не и е ова ,,Пајнер” продукција за таа да поставува услови во интервјуто и доколку сака, може да стане и да си оди. Нора Недкова тоа и го направи, стана и си замина од интервјуто.

Што точно се случуваше и што е она што Нора ја изреволтира, погледнете во видеото во продолжение:

Претходна статија(ВИДЕО) Цели 30 години откако побегнал од модерниот свет живее во дрво и се лекува со вода и оган
Следна статијаSвездите од Гранд кои секој ден го гледавте на ТВ направија свадба во Скопје (ФОТО)