(ВИДЕО) Цели 30 години откако побегнал од модерниот свет живее во дрво и се лекува со вода и оган

0

Пред 30 години, Мик Џоџ (68) се одлучил да го напушти модерниот свет, а новиот дом го пронашол во природата на полуостровот Олимпик. Ова е приказната за човекот познат како Големо стапало.

Младоста ја поминал патувајќи низ Америка и светот со неговиот татко, маринецот Роналд. Завршил средно школо во Кубасаки, Окинава, Јапонија. Никогаш не студирал, но вели дека сака да чита книги.

Бегството во природата го започнал со “истражување на физичките активности”, а по неколку години исчезнале и неговите хронични проблеми – болка во стапалата и грбот, а и срцето му било во одлична состојба откако станал босоног номад.

Мик живее во внатрешноста на едно дрво и вели дека модерната цивилизација воопшто не му недостасува.

“ Не ми недостасува. Не постои начин да побегнете од неа, но не ми недостасува. Развив телесна фитнес важба како од машини, електроника и општестевен замор да се вратиш назад во природниот тек на замјата. Наместо тегови и скапа опрема за вежбање користам камења и дрво и често пешачам.

На една од моите потраги со голите стапала, добив вистинска лекција од планината. Беше тоа на почетокот на зимата. Падна снег и речиси ги загубив прстите на нозете. Одев 30 милји бос. За да се спасам морав од својата кожна јакна да направам чизми и да ги заштитам нозете – вели Мик кој истовремено објасни како се храни.

“ Не постои нешто што не јадам. Научив да бидам собирач на храна. Еднаш наидов на лос кој го уби една пума, и секогаш кога е така цела шума доаѓа да јаде, па така и јас. Често собирам по патиштата прегазени животни. Многу луѓе се плашат од таквата храна, а сепак јадат сушено месо. Значи, мојата храна зависи од теренот кој ќе го посетам“.

Кога ќе се разболе Мик се лекува со огин и вода.

“ Всушност сите ние сме вреќи со вода во движење. Се лекувам така што одам во мојата шума да пијам вода и да се бањам во студените потоци. Исто така користам печурки и лековите билки за лекување.

Претходна статијаДојдов во Шведска и за првпат по 20 години осетив што е тоа викенд, да не работам и да одморам
Следна статија(ВИДЕО) Миро Бекстејџ истера Бугарска старлета од емисија бидејќи неќеше да му покаже ,,нешто повеќе”