Важно известување од посредниците за бугарски пасош до Македонците што минале интервју

0

На социјалните мрежи деновиве циркулираш известување од колку македонски посредници за бугарски пасош. Во истото се вели следното:

Важно известување за сите што имат минано интервју:

Сите кои се биле на интервју за бугарско државјанство, во периодот 2018- 2019 година И СЕУШТЕ НЕ СЕ ОДОБРЕНИ ИЛИ ОДБИЕНИ ОД СОВЕТОТ ПО ГРАЖДАНСТВО, треба повторно да ги внесат документите со кои имат докажано бугарски произход во Министерството на Правосудие ( документите што ги имаат поднесувано на почетокот на процедурата ).

Примери: поднесено преку брат / сестра бг државјанин – извод од кандидатот и од братот/сестрата и копија од бугарската лична карта/пасош на братот/сестрата

Поднесено преку здружение – извод од кандидат, плус сите други изводи/умреници, на основа на кои здружението ја има издадено потврдата и дубликат потврда од самото здружение.

Поднесено преку вујко/тетка/чичо – сите тие кандидати треба да внесат дополнителни докумети од здружение, ( извод од кандидат, плус сите други изводи/умреници, на основа на кои здружението ја има издадено потврдата и дубликат потврда од самото здружение.)

Неодамна до редакцијата на Галама стигна порака со фотографија од одбиено барање за Бугарски пасош, кое веќе ги имало поминато позитивно сите претходни постапки кои се предвидени при процедурата за барање државјанство во оваа наша соседна земја.

-Веќе една година, моето досие стоеше како одобрено и чекаше само потпис од Заменик Претседателот. Денес ми стигна известување дека сум одбиен, без никакво образложение, ни изјави апликант од источниот дел на Македонија кој сакаше да остане анонимен.

Претходна статијаЕлизабета сопругата на Пендаровски во нова мисија – ,,Таа лета со сопствени крилја“
Следна статијаМорав да заминам во Америка, а син ми да го оставам со татко му – Сега новата жена ми праќа пораки