Морав да заминам во Америка, а син ми да го оставам со татко му – Сега новата жена ми праќа пораки

0

Мојот живот е чудна приказна. Се омажив млада и родив прекрасно момче. За жал, животот со мојот сопруг повеќе не се трпеше.

Понекогаш знаеше да се напие, а често одеше и по други жени. Мене ме омал оважуваше, не ми дозволуваше да имам пријатели, сакаше да ме контролира и финансиски и на секој можен начин.

Не ми правеше ништо посебно, но сепак психолошки негативно ми влијаеше. Немав пари да одам на психијатар, па еден ден избегав кај една моја братучетка, која ја знаеше мојата ситуација.

Син ми морав да го оставам со него и тоа многу тешко ми падна. Подигнав тужба за развод мислејќи дека детето мене ќе ми го дадат, но се излажав. Сум немала пари, сум немала живеалиште, сум немала услови за живеење…

Набрзо братучетка ми успеа некако и ми најде работа во Америка преку некоја организација.

За бившиот веднаш разбрав дека се преженил, а на моите пораки и прашањата за детето не ми одговараше или едвај ќе ми одговореше со збор-два, без подлабоки објаснувања.

А сега, откако таа жена дојде да живее со нив, маќеата на мојот син, сè се промени. Таа жена ми испраќа слики од син ми, ми опишува како му поминал денот.

Кога е болен секогаш ми се јавува и ми пренесува што рекол лекарот, и нашите разговори секогаш ги завршува со:

“Немој да се грижиш, ќе биде добро”.

Кога му испраќам гардероба, обавезно го слика за да видам како му стои, ми јавува за сите негови оцени во училиште. Ми го дава син ми на телефон обавезно да се слушнам со него, барем 3-4 пати седмично преку скајп или на месинџер.

Свесна сум дека сето тоа е благодарение на оваа жена, на нејзиниот труд, и затоа и благодарам до небо!

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаВажно известување од посредниците за бугарски пасош до Македонците што минале интервју
Следна статијаКакво време дојде во Македонија: Се одбива плата од 500 евра, велат подобро им е да седат дома