Васко Ефтов со оригинален коментар по дуелот Заев – Мицкоски: Поразени сме ние Македонците

0

Првиот телевизиски дуел меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев се одвиваше динамично и со жестоки дебати околу за состојбите во Македонија, од правосудството и Законот за јавно обвинителство, преку парламентарните избори, рефрмите, економијата…

Новинарот Васко Ефтов на својата фејсбук страница не издржа и даде свој коментар за дуелот помеѓу Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Тој напиша: Го гледав вчера дуелот. За мене нема победници, има само поразени. Поразени сме ние Македонците. Ние заслужуваме многу повеќе и како држава и како народ. Многу повеќе.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев,на синоќешниот ТВ-дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки, соопшти дека и на следните парламентарни избори закажани за 12 април ќе биде носител на кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица.

Оваа единици традиционално е поле на одмерување на силите на Заев кој претендира да биде повторно премиер на Македонија, откако претходно ја предводеше таму истата листата на СДСМ на сите парламентарни избори од 2008, освен на оние во 2014 година.

Мицкоски пак најави дека следната седмица ќе заседава партискиот Централен комитет и тогаш ќе се направат анализи дали тој да биде носител на листа, кандидат на некоја од листите или да остане само кандидат за премиер.

На телевизиското соочување тој додаде дека и натаму се залага за т.н. шпицен кандидат, како носител на мандатот, односно дека нема да бара имунитет како пратеник во парламентот во случај на изборен пораз.

Според Заев, не би било политички исправно доколку Мицкоски ја пропуштел шансата да се натпреварува директно со него во „четворката“.

Претходна статија(ВИДЕО) Екс претседателот како што го немате видено досега: Иванов на патриотски песни играше оро со Македонците во Австралија
Следна статијаДоколку сака да победи – Мицкоски не треба да ги става овие луѓе на пратенички листи