Пред некој ден добив известување од Пошта дека треба да подигнам вредносно писмо од Америка, а јас немам никој таму

0

Додека го пишувам ова плачам, не ми е срам што сум маж и што јавно признавам. Сакам јавно да се заблагодарам и да ја искажам мојата бескрајна почит. Пред некој ден на вратата најдов ливче притиснато покрај кваката. Вака поштарот ми ги закачува или сметките или пак водоводџијата ми остава телефонски број за да му го јавам броилото.

Многу, многу ретко некогаш се случува да ми остават писменце соседите или некои здруженија, политички партии со некој рекламен материјал.

Ама никогаш досега, верувајте, откога живеам овде, не ми стигнало никакво лично писмо од Пошта, а па уште помалку вредносно.

На прв поглед ништо не разбрав од шкртаниците на ливчето, ама кога малку подобро го разгледав – пишуваше дека треба лично да подигнам некое вредносно писмо.

Мислев дека е некоја грешка, затоа што прво и основно, немам никој на светов кој нешто би ми испратил, а како второ, јас сум жива беда, кој мене нешто би ми испраќал. Искрено, си помислив дека некој се шегува со мене.

Ама кога отидов, ми рекоа дека имам писмо и 3000 долари. И натаму не можев да верувам.

Го зедов писмото да го читам, кога гледам, другар од основно школо ми пишува. Живее во Америка. Кога бевме деца, тој беше беда каков што сум јас сега, а јас секогаш му давав колку што можев. Со него ги делев сендвичите што ми ги правеше мајка ми, Бог да ја прости, пиевме сокови од исто шише, ми беше како брат.

Пред 10 години замина да живее во Америка, како што се вели, за едно парче леб, па изгледа дека успеал. На крајот од писмото ми напишал:

“Брате, кога и да ти затреба, само јави ми се, знам и разбрав како ти е сега, а јас знам каков си ти човек кога имаш.
Фала му на Бога, сега јас имам доволно, а кога имам јас, сметај дека имаш и ти. ТВОЈОТ БРАТ.”

Еве ни сега не можам да верувам дека после толку многу години се сетил на мене и дека ги памти сите работи што сум ги направил за него. Тогаш бевме деца, ама искрено го сакав како брат.

Веројатно и во овие тешки и зли времиња, сепак се исплати да бидеш човек. ТИ БЛАГОДАРАМ БРАТЕ!

И.П.

Претходна статијаЖената што ми го чуваше детето преку ,,папочето” се обиде да направи магија – најдов и клуч на прозор
Следна статијаПоучна приказна: Доброто со добро се враќа – донирал 2 долари во живо на ТВ, а потоа станал богаташ