Каков Џек – Српскиот претседател Вучиќ вчера сам ги служеше гостите (ФОТО)

0

Српскиот претседател Александар Вучиќ е политичар со еден од најдолгите ,,стажови” на Балканот, после црногорскиот политичар Мило Џукановиќ и екс Македонскиот премиер, Никола Груевски.

Вучиќ кој во последните неколку изборни циклуси ја добива довербата од граѓаните е напаѓан од српската опозиција дека е обичен популист. Му организираат протести, се обидуваат на секој начин, но засега не успеваат да го симнат од власт.

Покрај Србија, Вучиќ е извонредно популарен и почитуван и во околните земји соседи на Србија, особено таму каде што српското малцинство е во поголем број.

Вчера Република Србија го одбележа денот на државноста. Регионалните медиуми беа преплавени со фотографии на кои се гледа Вучиќ, како во улога на келнер ги послужува гостите и со тоа им прави голема чест.

На Инстаграм профилот „Иднината на Србија“ беа објавени фотографиите од настанот, на кои може да се забележи дека Вучиќ лично ги послужува гостите со прасечко печење.

Инаку покрај функционери од Србија, гости на свечениот ручек и на останатата низа настани по повод одбележувањето на денот на државноста, беа и српските политичари од регионот.

Од нашата држава присуствуваше лидерот на српската партија во Македонија, Иван стоилковиќ, како и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој на својот профил на социјалните мрежи ја објави поканата која му ја доставиле од кабинетот на Вучиќ.

Некои Македонски медиуми објавија дека Стоиљковиќ му помагал на Вучиќ во служењето.

Претходна статијаСнемува лекари во Македонија, а докторката Соња од Струга иако има најдобри резултати не може да се вработи
Следна статија(ВИДЕО) Кога те бива, за сè те бива – Цеца се фати на оро и ги ,,фрли на колена” останатите жени