(ФОТО) Голема радост во домот на Мухамед Зеќири: Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство

0

Потпретседателот на СДСМ, пратеникот Мухамед Зеќири предмалку на својот Фејсбук профил објави дека утрово му се родила ќерка од бракот со втората сопруга Бисера.

-Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка-напиша пред малку на социјалните мрежи пратеникот Мухамед Зеќири , споделувајќи ја радосната вест со своите пријатели и јавноста.

„На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г. Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!! Амин“- стои во Фејсбук објавата на пратеникот.

Falemderimet i takojnë Allahut të madherishëm i cili në këtë ditë 24.02.2020 na gëzoi me një vajzë ❤️❤️❤️🤲🏻🤲🏻🤲🏻Në jetë…

Публикувахте от Muhamed Zekiri в Понеделник, 24 февруари 2020 г.

Зеќири кој доаѓа од редовите на владеачката СДСМ, во ноември минатата година стапи во брак со поранешната директорка на ТВ Алсат М, Бисера Јордановска. Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева.

На двајцата им е втор брак. Бисера има син, Мухамед две ќерки. Врските меѓу зрели личности, исполнети со љубов, најчесто е очекувано да завршат со брак и проширување на семејството. Сепак, оваа љубовна приказна, како што раскажуваат блиските на парот, поминала долг пат и многу пречки, за да има среќен крај.

Различностите, убедувањата на нивните блиски луѓе, околностите, сето тоа создало ситуации, кои парот, борејќи се за својата љубов, ги менаџирал, за доброто на сите. Горди се што се избориле за својата љубов и порачуваат дека треба да се следи срцето, оти нештата направени од срце, првин ја менуваат самата личност, а потоа и луѓето околу неа.

Тешко дека може да се зборува за еден пресуден момент, професионално многу години сме делеле секојдневие и двостраното присуство во животот на другиот во тие рамки некако се подразбирало. Некаде по пат се случувале ситуации кои тоа го ставале под прашање – како на пример, едниот да добие понуда за работа што подразбира заминување од земјата, или, пак, да се донесе некоја одлука за приватниот живот со слични последици.

Во такви моменти, човек сфаќал дека сопствената реакција на разочараност и немоќ, иако во суштина му ја посакуваш сета среќа на другиот, ги надминува рамките на пријателската релација што сме ја негувале. Почнуваш да се прашуваш зошто се чувствуваш така и од каде тоа потекнува… Кој нè познава како луѓе, знае или може да претпостави какви биле тие внатрешни битки што сме морале да ги извојуваме, најпрво самите со себе. Колку нè кочела почитта еден кон друг, одговорноста што сме ја чувствувале, за на крајот, всушност да дојдеме до искрен одговор на тие прашања. Долг беше патот до пресудното сознание – и признание еден пред друг.

Претходна статијаЗоран Заев откри што не сакал брат му Вице, па што му купил татко му
Следна статија(ВИДЕО) Цел свет зборува за Македонија поради потег на фудбалски меч во Ѓорче Петров