Познатиот менаџер Цајо се потсети на ,,искачањето” во Турист и на животот во убавото време

0

Милорад Цаиќ е еден од најпознатите менаџери на кафулињата и дискотеките во осумдесеттите и девеесеттите години од минатиот век.

Тој често знае да се потсети на тие години и да го спореди ноќниот живот тогаш, со овој сега:

,,УБАВИ ВРЕМИЊА. И што правам сега?Дремам на Facebook а порано ова време веќе бев организиран каде ќе одам вечерва!

Се одродив од фамилијата од другарите,пријателите и сите од градот. Што убаво ми беше порано кога ги немаше facebookov и мобилните ,Ке се јавиш на старите добри црни телефони и ќе зборуваш со девојка ти или другарите со саати за 100 динари месечна претплата а сега ќе те газат со телефонски сметки по 50-100евра месечно за мобилен и фиксна..

Ова време веќе бев во град,размислував како ќе се организираме за журка или забава. Прво во кафиќ,па после во диско!Репертоар на кафиќи ,не многу ама квалитетни за тоа време.

Дискотеки ТОП,со музика и луѓе ,нема сељачишта а работат во прво време до 23 часот а подоцна од 1986 година после полноќната забава до 03 часот сабајле.

Ама затоа имавме повеќе пари,време ,убав живот и сите благодети. Само што не знаевме да ги цениме и почитуваме.

Имавме убаво организиран работен ден од 07 часот до 15часот,шпицот на сообарќајот беше во 15:30!!Гужва низ градот од аута колку сакаш ама не како сега.Само фиќовци,фиат 1300(тристаќи) застава 101(југовци)голфови 1 ,буби и побогатите кои имаа пари мерцедеси,фордови,реноа,цитроени или (дијана6).

Тоа беше се што врвеше од аута низ градот. А потоа дома на ручек до 16:00 часот…
И се знаеше време за спиење попладнево од 16:00 до17:30 часот.

Потоа се оранизрааат телефонскте разговори кој каде ќе оди вечерта.Тие разговори траеа до 19 часот.

Време за спремање од 19 до 20часот(туширање,шминкање и сите други мастрафи околу дотерувањето.

И сите излегувавме во град околу 20часот.На Автобуска гужва од луѓе колку сакаш,неможеш во автобус да влезеш од многу народ-луѓе. Ееее убави времиња а сега дремам на Facebook и ги немам тие убавини што ги имавме..”

Претходна статијаКога некој од мене би побарал да го опишам животот во една реченица – тоа е ЧЕКАЊЕ
Следна статијаТурунџиева објави новогодишна фотка со трудничко стомаче (ФОТО)