Ристе Ристески откри која пејачка од српската естрада му се допаѓа

Ристе Ристески живее на релацијаа Белград-Охрид и сега ги откри деталите за неговиот приватен живот. Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ во 2017 година откри дека првично му било тешко да живее во Белград.

„На почетокот ми беше тешко да се одлучам да дојдам во Белград затоа што пораснав во еден мал град каде што се моето семејство и пријатели, а јас цело време бев со нив. Сепак, кога решив да го направам тој чекор, да заминам од Охрид во Белград, тоа беше голема промена за мене. Но, сега навикнав на тоа“ – вели Ристе, кој во станот во Белград, најчесто само преспива.

„Не можам да кажам дека живеам во Белград затоа што ретко ми се случува да останам еден месец. Обврските ми се такви што морам често да патувам“ – објаснува Ристески кому девојките редовно му пишуваат на социјалните мрежи.

„За време на натпреварувањето, добивав секакви понуди, фотографии и коментари. Јас сум навикнат на тоа и сега не обрнувам многу внимание на нив. Кога работите се убави и пристојни, одговарам. Се обидувам да бидам љубезен и култтурен“ – вели пејачот.

Од музичкото талент шоу„Ѕвездите на Гранд“ излегоа голем број пејачи од помладата генерација, но една девојка особено му се допаднала на Ристе:

„Некој кој ми се допаѓа како работи и како изгледа е Милица Павловиќ. Таа е за мене врв на секој начин“!

Претходна статијаОвие хороскопски знаци важат за најдобри сопруги, а мажите кои се во брак со нив се вистински среќници
Следна статијаЦеца објави преемотивна фотка од Аркан и нејзината ќерка Анастасија (ФОТО)