Златев им се закани на оние што се рекламираат кај Саше Политико: Ако не ги повлечете рекламите, ќе објавувам за вас експлицитни содржини

0

Несекојдневeн пост на Фејсбук, во форма на отворено писмо, напиша новинарот Љупчо Златев, до огласувачите на порталот Мактел, обвинувајќи ги за соучесништво во навредите што Саше Политико, сопственикот на Мактел, ги напишал за девојката на Златев, Магдалена Стојмановиќ. Поради одвратноста на тој текст на Мактел, нема да го спомнеме ни насловот.

„Магдалена со ништо не заслужува ваков третман. Не заслужувам ни јас, но ајде, сум се фатил на оро па ќе издржам. Сепак, не можам да останам рамнодушен на вакви писанија кои ја повредуваат личноста со која јас градам заеднички живот. Од авторот на овој текст не очекувам никакво извинување, него не можам да го третирам како ентитет со свест.

Но, оние кои се рекламираат на неговиот сајт и со тоа плаќаат некој вака да удира по моите најблиски, ќе си имаат работа со мене“, пишува Златев на Фејсбук. Именувајќи поединечно неколку компании кои се рекламираат на Мактел, Златев пишува:

„Поставувам улиматум во рок од 48 часа, сопствениците на компаниите кои се рекламираат на порталот на Саше Ивановски, лично преку меил, телефон или на средба, да ми се извинат за неговите пишувања и во истиот тој рок да ја повлечат рекламата која ја објавиле на Мактел. Во спротивно, по истекот на тие 48 часа, како што Саше се занимава со мојата парнерка, јас на мојот портал (кој има преку 2 милиони посети месечно) ќе се занимавам со вашите жени, ќерки, синови. Ќе објавувам, кој на кого му е швалер, кој каква сексуална определба има, што прави во слободно време, какви му фетишите. Ќе пишувам сѐ, а богами и ќе зачинувам“.

Претходна статијаЈоци: Ако некој ја види Ураниче од Хелсиншки нека и каже дека беше нападната жена
Следна статијаВанковска го нарекува Груевски ОНОЈ од Будимпешта и се чуди како некој би му купил книга