Се фрцка со маички и фармерчиња, еееј, се депилира, а има 50 години, епа мажу доста ме фарбаш

После толку години брак, возрасни деца, на пат ни е внуче, јас го доживеав ова. Животот ми се распадна. Сега кога ќе размилам тој мене со години наназад ме лажел, ама јас сум била слепа, обземена со проблемите на децата, не обраќав многу внимание на тоа што тој го правеше. Но, сега ми беше многу сомнителен, многу сомнително се однесуваше.

Еден ден дојде издепилиран и мене многу чудно ми падна. Кога го прашав што се случува со него, тој само ми се насмеа и ми рече дека бил на козметичарка да го издепилираат, зошто многу се потел и не сакал да мириса. Му реков дека многу добро е издепилиран, да ме носи и мене на кај таа козметичарка, а тој така безгрижно се насмеа и рече нема проблем, кажи кога да ти закажам.

И после овој настан заборавив на сомнежите, но повторно забележав дека чудно се однесува. Почна да купува нова облека, иако има дома и неотворени кошули. Почна да купува облека за млади и да се облекува како син му, што од една страна ми беше смешно, но од друга страна се загрижив.

Помислив дека го фаќаат средовечни кризи, ама не помислив на неверство, се додека не зачестија неговите “ноќни смени”.
Ми стана и чудно зошто секогаш носи некоја кеса со алишта, па кога погледнав, видов дека тоа беше чиста долна долна облека со маички и пижами.

Се плашев да ја дознаам вистината, ама собрав сили и викнав такси за да го следам. Знаев во кое време тргнува на работа за “трета смена” и договорив со таксистот да ме чека, зошто претходно му објаснив каква е работата.

Недалеку од нашата населба, тој запре покрај една зграда а таму го чекаше една млада девојка, која на прв поглед би рекла дека има 17 години, сигурно беше помлада од нашите деца! Се бакнаа како љубовници и тогаш таа влезе во неговата кола (мислам во “нашата”) и заминаа некаде.

Не ме интересираше каде заминаа и што ќе прават, се вратив дома бесна и ги исфрлив неговите работи надвор од станот. Им се јавив веднаш на децата да знаат, а следниот ден поднесов тужба за развод.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама.

Loading...