Србин избоде Македонец на Малта – полицијата трага по него

Полицијата во Малта трага по жител на Србин кој со нож избоде Македонец. Нападот се случил во понеделникот во северниот дел на државата, а повредениот е 58 годишен Македонец кој се уште се наоѓа во критична состојба.

Како што известуваат медиумите од Малта, повикувајќи се на извори од полицијата, на нападот му претходела жестока расправија меѓу двете лица. Околу 21 часот, полицијата добила пријава дека во клиника во градот Бугиби било примено лице кое имало неколку убодни рани и кое обилно крварело.

Поради сериозноста на повредите, лицето веднаш било пренесено во главната болница во градот.

Полицијата во Малта случајот го третира како обид за убиство и ги повика сите кои имаат некакви информации за напаѓачот да се јават во најблиската полициска станица. Претходно, дел од српските медиуми јавија дека повредениот бил Србин, меѓутоа информацијата подоцна беше корегирана.

Loading...