Весна Ѓогани била отфрлена од семејството, од девојче во сиропиталиште до позната пејачка

0

Весна Ѓогани имала навистина тешко детство, но судбината и’ се насмевнала и животот целосно и’ се сменил. Од девојче израснато во сиропиталиште, стана позната пејачка.

Имено, кога имала само една година, мајка и’ Сретена ја оставила во сиропиталиште бидејќи не можела да се грижи за неа, немајќи ја поддршката од таткото на Весна.

По краток престој во домот, ја посвоила брачна двојка, но со мајка си продолжила да контактира. За тој дел од својот живот ретко зборува и денес.

Како тинејџерска и’ се приклучила на тогаш популарната група „Ѓогани фантастико“ како танчарка, а по разводот на фронтменот Ѓоле Ѓогани и пејачката Слаѓана Делибашиќ, Весна ја презеде улогата на вокалист во групата, а подоцна му стана и сопруга на популарниот денсер, со кого денес има две деца.

Иако има доволно пари да ангажира помош во домот, Весна истакнува дека сака таа да се грижи за своето семејство.

Немам дадилки, готвачки и чистачки, немам помош бидејќи постигнувам сама се’. Со текот на времето сфатив дека ми пречи кога некој ми се мотка дома.

Всушност, станува збор за добра организација и рутина, бадијала не’ плашеа постарите сестри и другарки дека е тешко да бидеш мајка, сопруга и вработена жена. Јас се одлучив да му се посветам на семејството, а имам и голема помош од Ѓоле“, изјави Весна за медиумите.

Џоле и Весна Џогани беа гостини во емисијата „Гламур специјал“ каде зборуваа за почетоците на својата музичка кариера, како и за приватниот живот.

По разводот со Слаѓа, Џоле Џогани одлучи Весна да биде пејачката на нивната група. Тие заедно ја снимиле песната „Понекад“ со која Весна требало да се појави на најпопуларниот фестивал во тоа време,„Сунчане скале“.

„Вечерта пред настапот на генерлната соба јас стоев на сцената. А режисерот вели Џогани да се појави на сцена, а јас веќе стојам на сцена, уплашена. Режисерот очекуваше многу луѓе на сцената. Џоле му се приближи на режисерот и му кажа: Toa e групата Џогани, јас се разведов, а ова е Весна, јас не се појавувам“, раскажува Весна и додава:

„Кога ја испеав песната беше тотална тишина. И од трибините слушам аплауз, тоа беше Тоше Проески. Може да замислиш?, вели пејачката, а Џоле додаде:

„Урнебесно аплаудираше. Викаше „Браво, браво“. Дојде и ми кажа: Прекрасна, преубава песна, вели Џоле.

Весна истакна дека во тој момент Тоше и бил најголема поддршка и ветер во грбот.

Претходна статијаИдентични близначки родени 2010 година: Сега имаат 9 години и сите велат дека се „најубавите близначки на светот“
Следна статијаСамо еден хороскопски знак во 2019 го очекува феноменална година