Се огласи и директорот Поповиќ – кажа што ќе се случува со жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и дали останува Марија

Марија Шерифовиќ која е член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ не иде никаде и не мисли да ги остави своите кандидати на цедило.

-Марија Шерифовиќ не го напушта шоуто. Веста дека заминува од жирито е чист сензационализам, односно предизвикување неред меѓу кандидатите, на кои оваа врвна пејачка им е ментор.

Loading...

Марија не го напушта шоуто, ниту пак тоа некогаш било тема на разговор. Горди сме што е во нашето жири – рекол преку соопштение директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ.

Во официјално соопштение кое го испратил до српските медиуми пишува дека веста оти Марија си заминува од жирито е лажна притоа потенцирајќи дека станува збор за сензационализам.

Не го напушта натпреварувањето, за такво нешто воопшто и не сме разговарале никогаш, заклучил Поповиќ.

Карлеуша поради семејната трагедија се повлече од јавноста и ги откажа сите настапи и појавувања во медиумите.

Популарната пејачка веќе и го информирала директорот на Гранд Саша Поповиќ дека нема да доаѓа на снимањата на емисијата но, не прецизирала дали можеби ќе се врати пред крајот на сезоната.