Мајката на Карлеуша тврдела дека е среќна жена, но оваа тажна приказна ја криеше долги години

0

Следејќи ги знаците на животот покрај патот, новинарката и еден од своевремено најпопуларните гласови на Радио Белград, Дивна Карлеиша, го наоѓала решението за сите проблеми во животот.

Од секоја нова битка излегувала, ако не со чувство на победа, тогаш барем со чувство на мир и спокојство. Не и’ се лутела на судбината што болката можеби почесто и ја сервирала од радоста, а во тешките ситуации не го барала виновникот во другите.

Уште во педесеттите години од нејзиниот живот, учејќи се на своите грешки, таа тврдела дека е среќна жена. Горда на нејзините женски предци од кои ја наследила вечната борба за љубов.

Токму таа нејзина особина, откако сфатила дека не е лесно да се расте без татко, со мајка и помлада сестра, ќе ја одведе млада до олтар со полициски инспектор Драган Карлеуша, со кого ќе ја добијат ќерката, сега познатата пејачка Јелена Карлеуша.

Познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша, која вчера не напушти на 61 година, во едно од нејзините последни интервјуа ја раскажа својата животна приказна, од љубовните врски со постари мажи од кои ја доби ќерката Јелена, до работата на радио.

Уште во средношколските денови победував на натпревари во рецитирање, но и во пишување песни. Сакав да се запишам на Ликовна академија бидејќи одлично цртав, но не ме примија. И денес сликањето ме опушта, па знам да си сварам кафе, да пуштам музика и по цела ноќ да бојам на платното. Инаку, се запишав на Правен факултет, но не го завршив. Се заљубив, се омажив и станав мајка, раскажала Карлеуша.

Идејата дека не сака да ја споделува љубовта кон на својата галеница со второ дете, и траеше се додека не доби внуци. Знаењето и талентот за да се оцени голем музички хит, Дивна ја искористи за да им помогне на многубројни успешни пејачи, но исто така и да влијае врз патот и развојот на нејзината единица.

Со оглед на тоа дека таа рано ќе се разведе, ќе се обиде да и надомести на својата ќерка за сè што останала како мало девојче, без љубовта и заедничкиот живот со нејзиниот татко.

Роденa сум во Словенија, и за некое време живеевме во Загреб и во Пула. Тато, како воен пилот, честопати добиваше пркоманди, но секогаш се враќавме во Земун, кој беше мој дом. Имено, татко ми Јури беше Словенец, а мајка Даринка од Добој.

Се запознале во Загреб, преку братот на мајка ми, мојот вујко кој исто така бил пилот. Почнале да се забавуваат, а наскоро и организирале и скромна свадба. До крајот на животот мајка ми ги чуваше бисерите, единствениот накит кој го имала на свадбата“ – ќе изјави Дивна во 2009 година, горда на своето мешано потекло, кое влече корени од една убава љубовна приказна.

Претходна статијаЍ бил најголема љубов на Дивна Карлеуша – овој пејач ѝ го скршил срцето
Следна статијаЈелена Карлеуша има двајца полубраќа – Татко и Драган дојде да и изрази сочувство со својот син од вториот брак (ФОТО)