Јелена Карлеуша ќе сними балада за својата покојна мајка, Марина Туцаковиќ го пишува текстот

0

Емотивна балада во чест на својата непрежалена Дивна

Пејачката Јелена Карлеуша која беше многу поврзана со нејзината мајка Дивна Карлеуша се одлучи на несекојдневен потег како би се одолжила на нејзината мајка.

Имено Јелена се решила да и препушти на Марина Туцаковиќ, која беше и долгогодишна пријателка на нејзината мајка да напише балада со која пејачката ќе се врати на сцената кога ќе биде подготвена за тоа.

Карлеуша ја замолила Туцаковиќ да и напише емотивен текст, а Марина ова неодамна и го потврди.

Секако дека ќе ја исполнам желбата на Јелена да напишам песна за нејзината мајка. Се уште е рано да зборуваме за тоа, бидејќи Дивна само што почина и не е прав момент за тоа.

Мора да пројде некое време. Немам се уште план каков ќе биде текстот, тоа зависи од моментот кога ќе седнам да пишувам, вели Туцаковиќ.

Српската пејачка Јеленa Карлеуша ќе си го смени името. Таа реши покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.

Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.

Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загуба.

Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.

Пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се оддолжи за целата поддршка што и ја давала постојано додека била жива.

Мајката на Јелена Карлеуша која го напушти овој свет пред неколку денови немала големо богатство на нејзино име. Таа поседувала куќа во која живеела и која ќе биде предмет на тестаментот кој наскоро ќе биде отворен.

Како што тврдат пријателите на Дивна, таа сакала куќата да им ја остави на внуките Атина и Ника за да имаат спомен од бабата, бидејќи била свесна дека Јелена и Душко доволно имаат заработено.

Според сознанија на Пинк.рс, состојбата на Дивна ѝ се влошила во саботата вечерта, кога била повикана и брза помош.

На Дивна ѝ се слоши во саботата и уште тогаш беше јасно што ќе се случи. „Брзата помош брзо реагираше, лекарите успеаја да ја смират ситуациајта, а на Јелена не сакаа да ѝ јават, зашто таа вечер имаше закажан настап во Австрија. Но, утредента околу пладне веќе ѝ немаше спас, брзата помош само ја констатираше ситуацијата“, изјавил извор близок на семејството.

Српските портали исто така објавија дека кога тажната вест го завила во црно домот на пејачката и фудбалерот, ЈК ги испратила ќеркит Ника и Атина кај золвата во Зрењанин.

Јелена беше многу врзана за мајка си. Тие двете имаа посебен однос, па и Ника и Атина многу време минуваа со баба им. Сакаа да бидат со неа, зашти им угодуваше за сè. И самата таа често велеше дека е најгордата баба зашто има прекрасни внуки. Затоа и Јелена одлучи барем на кратко да ги тргне децата и да ги заштити од траумата. Не сакаше да присустввуаат на потресните сцени, но планира утре да оди и да ги земе“, рекол доброупатен извор од семејството на пејачката.

Претходна статијаОвие хороскопски знаци ги очекува многу пари и нова љубов во месец Април
Следна статијаМарија Шерифовиќ со тешки навреди за колешката од Ѕвездите на Гранд – Вики Миљковиќ не можеше да ги сокрие солзите