Душко се плаши да ја остави Jeлена сама со ќерките: Карлеуша е во ужасна состојба

0

Поп дивата Јелена Карлеуша многу тешко ја поднесува смртта на својата мајка, новинарката Дивна Карлеуша.

Дивна се лекувала во светски водечки болници а на крај се одлучила за приватна клиника во Турција каде заедно со ќерка и одела на зрачења и хемотерапии.

Иако Јелена не штедела на мајка си и на секој начин се обидувала да и го спаси животот, сепак силните терапии и го продолжувале животот но не и неговиот квалитет. Дивна живеела во страшни маки и болки, особено во последните неколку месеци од својот живот. Ова за српски Курир го открил извор близок на семејството.

“Иако даде 100 проценти од себе и беше со мајка си до последниот ден, Јелена никако не може да прифати дека ја напушти. Постојано се прашува дали можеби можела да стори уште нешто за неа. Упорно повторува дека нема да ја преживее прераната смрт на мајка си.

Со неа во моментов е нејзиниот сопруг Душко, но тој поради професионалните обврски ќе мора да се врати во Кинаа, па се плаши Јелена да остане сама со децата. Размислува сите заедно да одат во Кина, но девојките мора да одат на училиште па ова претставува проблем – изјавил изворот за Курир.

И еден ден по погребот на нејзината мајка Дивна Карлеуша кој што се случи во Белград, Јелена Карлеуша е неутешна.

Таа по стресните моменти на самиот закоп и понатаму е во лоша состојба пренесуваат српските медиуми.

Одкако завршил официјалниот дел од погребот Јелена вднаш била пренесена во нејзиниот дом оставајки ги присутните и роднините на ручек во чест на нејзината мајка на кој таа не присуствувала.

Пријателите велат дека Јелена и понатаму ништо не јадела ниту пак спиела. Нон стоп плачела и гледала во една точка.

Сите се загрижени за нејзиното здравје кое во моментов е нарушено, пишуваат медиумите во Србија.

Претходна статијаПо раскинувањето со Емина Јаховиќ, турскиот милијардер си фати топ модел – еве како изгледа (фото)
Следна статијаВака изгледа кога дува силен ветер и прави неред – 30 авиони не успеале да слетаат во Германија ВИДЕО