Ѝ бил најголема љубов на Дивна Карлеуша – овој пејач ѝ го скршил срцето

0

Првата голема љубов ја запознала на 17 години. Драган ѝ бил сосед и 11 години постар од неа. Се забавувале три години, а потоа одлучиле да се венчаат кога Дивна останала бремена.

– Јелена е плод на љубовта бидејќи тинејџерските љубови се најсилни. Подоцна во животот имаше и побурни и можеби поубави, но така искрени врски никогаш – откри таа во една прилика.

Како новинарка и водителка, Дивна Карлеуша првите чекори во професијата ги направила во информативната редакција на Радио 202. Подоцна повеќе била фокусирана на естрадните случувања.

– Имав работа која ми причинуваше задоволство, но и голем замор. Кога работев, Јелена ја чуваа мајка ми и тетка ми. Не беше темпото на работа причина за мојот развод. И мојот поранешен сопруг имаше специфично занимање. Звучи како фраза, но некомпатибилноста на нашите карактери доведе до разидување по седум години заеднички живот. Сфативме дека подобра варијанта е добар развод отколку лош брак. Денес тој има прекрасен брак, преубава жена и два сина кои се преслатки – објасни Карлеуша во едно интервју.

На постари години, Дивна стекна и ТВ-популарност учествувајќи во повеќе реални шоуа, меѓу кои се „Големиот брат“ и „Парови“.

Познатата водителка Дивна Карлеуша, мајка на пејачката Јелена Карлеуша, после разводот со сопругот Драган, стапила во љубовна врска со Велимир Гале Митровиќ, но тој ја напуштил кога станала баба.

Тој исто така сакал да се оствари во улога на родител, и најде млада жена. Нивната врска траела 16 години, а заврпшила во 2009 година.

Кога Јелена и Душко ја добиле првата ќерка Атина, кај Гале се разбудил родителскиот инстинкт, пишува „Српски Телеграф“.

-Ја гледав Јелена како расте, станува она што е денес, но кога се роди Атина, во мене нешто пукна. Посакав и јас да бидам татко, а не дедо на Атина. Дивна и јас пријателски се разделивме и прекинавме секаков контакт – рекол Митровиќ.

Потсетуваме, познатата новинарка и мајка на Јелена Карлеуша, почина во својот стан на 61. година. Родена е во 1958 година во Словенија, а останала запаметена како некогашна новинарк на „Радио Белград“.

Претходна статијаСе огласи и Марија Шерифовиќ: Дивна ќе ја паметам како вистинска мајка и голем борец, Јелена биди јака
Следна статијаМајката на Карлеуша тврдела дека е среќна жена, но оваа тажна приказна ја криеше долги години