Баба Брена е пресреќна што доби внук: Едвај го чекавме овој ден

0

Александра Пријовиќ се породи утрово и на свет го донесе малиот Александар, а Лепа Брена е пресреќна што доби внук.

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ станаа родители.

Александра се породи денес и на свет дондесе момче, кое ќе го носи името Александар, пишува српски Курир. Пејачката се породила со царски рез, а бебето имало 2800 грама.

И мајката и бебето се чувствуваат одлично. Александра иако прво размислуваше да се породи во Америка, сепак тоа го направи во Белград во една приватна болница. Така се одлучи бидејќи во Белград пред се ќе има помош, од нејзината мајка, мајката на Филип и секако бабата Лепа Брена.

Ова е прво внуче за дедото Бобан Живојиновиќ, прославениот тениски ас, па среќата е неизмерна во семејството.

Сите сме пресреќни, едвај чекаме да дојде на свет, рекла Брена непосредно по раѓањето на наследникот.

Семејството Живојиновиќ на големо прима честитки по повод приновата, а веќе се организираат и мекици.

Претходна статијаПоследен поздрав за водителката – Како Дивна можеше ти да заминеш, што ќе правам јас без тебе
Следна статијаПо Јелена Карлеуша уште еден член од жирито ги напушта „Ѕвездите на Гранд“