Врањеш објави НОВА фотографија од Карлеуша – Јелена ќе збесне коа ќе ја види

0

Скандалот со пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш не престанува да ја бранува јавноста, а една фотографија што тој ја објави сигурно ќе ги изненади сите.

Имено, на сликата ја гледаме ЈК во сосема непрепознатливо издание од она кое таа го покажува пред јавноста.

Огњен Врањеш поднесе две кривични и една приватна тужба против Јелена Карлеуша, во кои бара отштета од 2 милиони динари за душевната болка која му ја нанесоа навредите и јавните закани од страна на неговата бивша љубовница, пренесуваат српските медиуми. Парите што ќе ги добие од неа, фудбалерот планира да ги донира во хуманитарни цели.

Целта на Огњен не е да заработи пари од тужбите, туку да и’ покаже на Јелена дека не може да му се заканува и јавно да го понижува, а затоа да не поднесе последици.

Веројатно нема да го добие износот што е побаран во тужбите, но колку и да добие, парите нема да го задржи за себе, туку ќе им ги даде на оние на кои им се најпотребни.

Многу е лут и повреден и сгурен сум дека нема да се откаже докрај, нема шанса да се премисли и да ги поблече тужбите“, изјавил за „Курир.рс“ извор близок на фудбалерот.

„По повод содржината која кружи на интернет можам да кажам дека на повеќето фотографии не сум јас и станува збор за фотомонтажа, која може да се направи со помош на компјутер. Некои од содржините на фотографиите се украдени од мојот телефон ѝ се дотерани, а потоа пласирани со цел да ми се наштети на мене и моето семејство. Апелирам до медиумите и луѓето на социјалните мрежи да не се прелажат во целата оваа работа. Се разбира открив дека зад овој случај не стои еден човек, туку цела организација. Сите тие ќе одговараат“, изјавила Карлеуша.

И сопругот на Карлеуша, фудбалерот Душко Тошиќ се огласил по повод аферата на својата сопруга Јелена Карлеуша со неговиот колега Огњен Врањеш. Тој во јавноста упатил навредливи коментари до фудбалерот на Андерлехт.

„Што да кажам, после ова ќе бидеме посилни, а тој нека се*е“, кратко коментирал Тошиќ за српските медиуми.

За целиот скандал се огласил и самиот Огњен кои изјавил дека фотографиите од Карлеуша настанале додека тој ѝ пејачката разговарале преку апликацијата „Фејс тајм“.

Фудбалерот одговорил на зборовите на пејачката која неодамна истакнала дека за се се виновни злобници кои уште еднаш извршиле напад врз неа и нејзиното семејство, со надеж да ѝ го упропстат бракот.

„Почитувани, веднаш да ви кажам дека би испаднал џентлмен и не би потегнал вакви потези, доколку не бев изложен на тортура и обвинувања како ѝ закани до моето семејство од страна на госпоѓата и господин Карлеуша. Со оглед дека се подготвени на се, во моја одбрана и одбрана на моето семејство подготвен сум да кажам и да ја докажам вистината. Јелена ѝ јас се запознавме преку Инстаграм пред две години, кога започна нашата врска. Таму разменивме броеви и влеговме во целата оваа ситуација.

За тие две години доживеавме и преживеавме се и сешто. Од заеднички патувања, гостувања кај мене во Атина и гледање на разни мести, па дури и во нејзиниот дом. Си разменувавме твитови и разни работи. Во целата таа работа имаше и помалку убави работи. Пресветата Јелена глуми силна жена и важна личност, а преку пријатели и познаници моли и плаче. Тоа е карактеристично за госпоѓата кога нешто ќе ѝ биде потребно.

Да заклучам, јас ја демантирам целата работа ѝ не сум тој кој го изнесов валканиот веш. Јас ниту сум фан, ниту платеник, ниту психопат како што таа сака да ме претстави. Пред се тоа е таа, а јас сум подготвен тоа да го докажам, затоа што имам докази. Никого не сум бркал ниту присилувал. Се беше доброволно и на обострано задоволство. Па според тоа господин Тошиќ и госпоѓа Карлеуша виновниците барајте ги меѓу вас самите, не кај мене. Доцна се сетивте за патетика и спинувања.

Мене ми е многу жал за моето семејство кое е изложено на сето ова, но ова е единствен начин да ја кажам вистината, а со тоа и да се заштитам себе си и моето семејство од понатамошни обвинувања. За почеток еве само еден доказ за тоа што го зборувам. Со почит Огњен Врањеш“, пишува во писмото кое фудбалерот Огњен го испратил до српските медиуми.

Претходна статијаМарија работела како келнерка, па заминала во Германија – 3 години подоцна таа е друга личност
Следна статијаАко сте исцрпени и не знаете како понатаму оваа порака ќе ви помогне да издржите