Цела естрада шокирана од веста за смртта на Шабан Шулиќ: „Боже што се случува, тешко ми е“

0

По смртта на српскиот пејач Шабан Шаулиќ кој загина во сообраќајна несреќа во Германија, откако пијан возач удрил во неговиот автомобил, познатите пејалчи, неговите колеги се збогуваат од него.

„Не знам што да кажам, во шок сум. Претажна сум. Цело семејство и јас занемевме. Ова е трагична вест. Сочувство до семејството Шаулиќ. Пејач како што е Шабан треба да почива во Алеата на великаните“, рекла Цеца.

„Оф мајко мила. Што е ова? Боже што се случува? Изнжвинете не можам да зборувам. Шокирана сум“, рекла пејачката Мира Шкориќ.

„Вчера се избакнавме“, рекол Драган Којиќ Кеба, заплакал и спуштил слушалка на српските новинари, пренесува Курир.рс

„Предмлаку слушнав. Во шок сум. Не можам да повредувам. Боже што се случува? Бевме добри пријатели и тој ми беше идол. Тешко ми е да зборувам. Сочувство до семејството“, рекол Саша Матиќ.

„Штотуку ми јавија дека мојот брат Шабан загинал. Не можам да верувам. Што и да кажам нема смисла. Бепше добар човек и пејач“, рекол Халид Бешлиќ.

Претходна статијаСо неговите хитови пееше и се веселеше регионот, една песна и посвети на сопругата, а со овие стана крал на народната музика
Следна статијаОфицијални податоци од германската полиција: Шаулиќ седел на совозачкото седиште