Официјални податоци од германската полиција: Шаулиќ седел на совозачкото седиште

0

Германската полиција објави официјален извештај од сообраќајната несреќа во која животот го загуби српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ.

-Во неделата утрото, во 06,50 часот ,на патот БАБ A2, во правец кон Дортмунд, во подрачјето на градилиште, се случила сообраќајна несреќа во која првично се регистрирани три тешко повредени лица и едно полесно повредено.

Автомобилот „мазда 6“ , со кој управувал 34 годишен маж Гутерслохер, ударил во возило „сеат ибица“. Возилата се излизале и забиле во банкини. Сите тројца патници во „сеат ибицата“ се сериозно повредени, а 34 годишниот Гутерслохер поминал со полесни повреди.

За повредените веднаш се погрижиле екипи на итната помош, кои ги префрлиле до најблиските болници. Совозачот на „сеатот“ им подлегнал на повредите во текот на утрото во болница.

Истрагата покажала дека 34 годишниот Гутерслохер (34) возел во пијана состојба и без дозвола-пишува во официјалниот извештај од германската полиција.

Светот остана без кралот на народната музика . Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреча во Германија, која ја доживеал после настапот во Билефелд во клубот Фаринда. Тој настапувал со колешката Теа Таировиќ, а потоа на пат кон аеродромот доживеал сообраќајна несреќа после која починал.

Покрај Шабан во автомобилот биле музичарот Мирсад Кериќ.

Според последните информации Кериќ е во тешка здравствена сосотојба додека на Бобан му се скршени три ребра, рекол низ плач неговиот менаџер Сабит Дервишевиќ.

Како што информираат германските медиуми, пијан возач со автомобил од марката „маздљ“ удрил во неговиот автомобил. Иако лекерите дале се од себе да го спасат кралот, не успеале.

Како што се наве3дувам во полицискиот извештај две возила излетале од патот и удриле во банкина.

За оваа страшна сообраќајна несреќа известуваат и германските медиуми кој беа на лице место.

Шабан откако бил пренесен во болница и му била укажана медицинска помош ин подлегнал на повредите.

Претходна статијаЦела естрада шокирана од веста за смртта на Шабан Шулиќ: „Боже што се случува, тешко ми е“
Следна статијаПријателите и колегите се простуваат од Шаулиќ – Цеца: Пејач како што е Шабан треба да почива во „Алејата на великаните“