Ова е помалиот брат на Дритон или попознат како Талат од „Преспав“ Фото

0

Откако стана рецепционерот во пансионот „Преспав“, младиот 25 годишен актер Дритон Вејсели, преку Талат од Џепчиште стана еден од омилените ликови на ТВ екраните.

Неговата специфична улога, тетовскиот дијалект, згодите и незгодите кои ги предизвикува со сопртвениците и гостите на пансионот, го направија лик кој гледачите на серијата со нетрпение очекуваат да го гледаат во секоја нова епизода.

За Талат од Џепчиште знаете повеќе отколку за Дритон Вејсели, млад актер кој досега има играно неколку улоги на сцената на Драмскиот театар, а имал улога и во уште една серија.

Сепак, улогата во „Преспав“ е онаа која му го трасираше патот до полуларноста. Откако стана познат, Талат е се поинтересен за медиумите кои редовно го бараат за интервјуа и детали од неговата приватнот.

Дритон Вејсели е младиот актер кој не освои сите со улогата на Талат од македонската серија „Преспав“.

Третата сезона заврши, а гледачите со нетрпение ја очекуваат веста дали „Преспав“ ќе го добие четвртото продолжение.

Дритон е се почест гостин во разни емисии на телевизија, каде неодамна во едно интервју за македонската телевизија изјави дека според правилата на продукцијата и да знае не би можел да открие дали ќе има продолжение на „Преспав“.

Но, на социјалните мрежи популарниот рецепционер од Џепчиште е доста активен каде за своите следбеници открива доста моменти од приватноста. Неодамна откри како изгледал како дете, а откри и дека има и уште двајца браќа.

Фотографија од неговиот најмал брат се најде на неговите профили од социјалните мрежи. На едната Талат се пошегува како изгледа со брада и без неа, а од истата сите помислија дека е тој избричен, а стануваше збор за неговиот помал брат кој се уште нема брада.

Инаку, другиот брат на Дритон е музичар, за кој популарниот актер вели дека му ја всадил љубовта кон музиката, а постојано знае да помине време со него во студио.

Дали ќе ја имаше честа да ги гледаме Талат и компанија во четврта сезона, останува да видиме.

Извор: Вистина

Претходна статијаСе огласи и возачот кој ја откина раката на српската водителка – вака се случила несреќата
Следна статијаСопругата на Жељко се расплака среде емисија кога слушна дека колешката имала несреќа