Со Шабан Шаулиќ ќе заминат и три работи од кои не се одвојувал цел живот

0

Шабан Шаулиќ денеска треба да биде испратен во вечното почивалиште, во алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Со него во ковчегот семејството ќе ги положи трите најдраги капи од кои не се одвојувал, малку пари, но и неговиот омилен стап за риболов. Со оглед на тоа дека пејачот најмногу уживал во риболов и секој слободен момент го минувал во својата викендичка во Крчедин, каде сакал да исплови со чамецот и да ужива во мирот, неговото семејство заклучило дека би требало да го стават и неговиот омилен стап, открива српски Телеграф.

Алсин Левент, возачот на „мазда“ возилото, кој ја предизвика несреќата во која за жал замина кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ и неговиот пријател, Мирсад Кериќ, на својот адвокат во притвор му рекол дека не се сеќава на ништо и дека е во шок.

Покрај тоа, постои сомнеж дека автомобилот со кој управувал бил украден!

Во меѓувреме, Алсин Левент кој, според сомнежите, ја предизвикал несреќата, сега е во притвор кој му е одреден 48 часа после несреќата.

Во притворот го посетил адвокатот Јерит Шул, кој за германските медиуми изјавил дека неговиот клиент е во шок поради сето тоа што се случило.

„Ми рече дека не може да поверува што се случило во неделата и дека воопшто не се сеќава на несреќата“, им рекол Шул на германските репортери.

Тој исто така додал дека неговиот клиент, за разлика од првичните претпоставки, има место на живеење во Германија, поради што предложил да му се укине притворот.

Претходна статијаОва е последниот аплауз за кралот на народната музика – Цел регион денес плаче и тагува
Следна статијаСветлана Црнокрак јавно ја поддржа фолкерката Сани по фамозната анкета за Бјанка Мизел