Ова е последниот аплауз за кралот на народната музика – Цел регион денес плаче и тагува

0

Потресната комеморација која што беше одржана во Општинската сала во Белград е завршена, а на крајот во салата одѕвонуваа само солзи и лелеци.

Кралот на народната музика кој загина на 17 февруари ќе биде поггребан денес во 15 часот во Алеата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, а во 11 часот беше одржан комеморативен собир

Кемиш не можеше да издржи и се расплака на комеморацијата на својот кум Шабан Шаулиќ.

„Тешко е да се прифати вистината. Шабан Шаулиќ не е физички повеќе меѓу нас, кралот на народната музика. Со кој куме,. јас да пеам, кога најчесто пеевме заедно?

На вашата последна слава се лутеше што нема музика, а јас сакав да си поразговараме и бев среќна. Ти беше мој пејач, за сите времиња, патувај со ангелите, наша гордост и нека ти е вечна слава“, рекла Зорица Брунцлик.

„Денеска тагува цела Србија и твојот сакан Шабац, и милион твои обожаватели ширум светот, а тоа сум и јас, Твојата Гордана, Санела, Илда, Михајло, внуците беа твојот храм, секогаш одеше дома да собереш сила, љубов, убавина која ти е потребна после долгите и тешки патувања, а тие несебично ти даваа и беа со тебе.

Семејството кое е скршено од болка едвај додржа да ги ислуша сите присутни, а на крајот на комеморацијата сите присутни му го дадоа последниот аплауз на Шаулиќ и на тој начин го испратија во вечноста.

Претходна статијаПрисутните на комеморацијата скршени од болка: Требаше заедно да остареме, ме издаде, отиде без мене
Следна статијаСо Шабан Шаулиќ ќе заминат и три работи од кои не се одвојувал цел живот