Не можеше да ги задржи солзите – Загубата на Шаулиќ тешко го погоди и Дарко Лазиќ

0

Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа по настапот во Германија минатата ноќ.

Како што информираат германските медиуми, пијан возач со автомобил од марката „маздљ“ удрил во неговиот автомобил. Иако лекерите дале се од себе да го спасат кралот, не успеале.

Инаку, пејачот веќе неколку години имаше проблем со срцевата аорта, по што му беше направена успешна операција од која закрепна и му се врати на нормалниот живот и настапите. Во една прилика за медиумите по таа операција изјави:

„Опериран бев од таа пуста аорта, а со мене беа сопругата и ќерката Санела. Беше и нејзиниот сопруг Бата Мирковиќ кој е најдобриот зет на светот.

Кога ми беше тешко, тој беше постојано крај мене. Доаѓаше на посети, а заминуваше последен. Тој ми е повеќе од роден син, искрено откри тогаш Шаулиќ.

Веста за смртта на легендата на народната музика, Шабан Шаулиќ, ги потресе сите негови колеги, кои се огласуваат и изразуваат сочувство.

Оваа трагедија тешко го погоди и Дарко Лазиќ, кој со Шабан беше многу близок.

-Ова е голема трагедија, не можам да верувам…, изјави Дарко, а потоа направи подолга пауза откако му надојдоа солзи.

Откако собра сила да проговори, пејачот додаде:

-Не знам што да речам, не сум добро, „сје*ан“ сум целосно…

Претходна статијаОвие хороскопски знаци ќе доживеат огромен успех во новата полна месечина
Следна статијаШабан Шаулиќ прват се расплака јавно кога почна да пее ова момче – снимка со 6 милиони прегледи!