Шабан Шаулиќ – Колегите од Ѕвездите на гранд ги бојкотираа учесниците кои ги пееја моите песни

0

Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, кој во новата сезона премина од жирито на ,,Ѕвездите на гранд“ во жирито на ,, Пинкови ѕвезди“, открива зошто стави точка на дружењето со колешката Ана Бекута и на што му замерува на композиторот Драган Стојковиќ-Босанац.

– Ана и Босанац во последниот серијал на ,,Ѕвездите на гранд“ ги бојкотираа учесниците кои ги пееја моите песни. Не сакаа да гласаат за момчињата кои ги пееја моите хитови, а тоа не е во ред.

Тие не им наштетуваа на мене, туку на натпреварувачите. Имаше тука многу момчиња кои солидно пееја а тие им се потсмеваа. Двајцата преку оценување индиректно зборуваа за моите песни-вели Шабан.

– Ма тоа се комплекси бидејќи многу се пееја моите песни. Поради тоа им проработе човечката љубомора, но нека им служи на чест-вели Шабан, кој со Ана не беше само колега туку и пријател.

По напуштање на регионалното шоу, Шабан откри непознати детали за ова музичко шоу.

Тој истакна дека го напуштил шоуто бидејќи не можел да поднесува како неговите колеги ги навредуваат кандидатите кои се лошо облечени.

„Не можев да ги навредувам тие деца. Како да навредувам некој, а можеби нема пари? Можеби е сиромашен, дошол од село и нема ништо подобро. Тоа ме нервираше. Е сега, дали моите колеги им даваа совети или сакаа да покажат колку имаат, а тие деца немаат, не ми е човечки. Поради тоа и Зорица Брнуцлиќ ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, истакна дека не сака да оценува како некој се облекува“, вели Шаулиќ и додава:

„Саша неколку пати ми кажуваше кој кандидат треба да помине во следниот круг, иако тоа не беше по моја желба. Понекогаш ги слушав и ги пуштав да поминат. Можеби тој во кандадите видел некој потенцијал, па мислел дека некој му треба за шоу бизнис, дека ќе направи пари или ќе стане ѕвезда“, вели Шабан.

Карлеуша единствена се огласи за тоа што Шабан Шаулич го предаде Саша Поповиќ и премина во Пинк ѕвезди!

По трансферот од „Ѕвездите на Гранд“ во „ѕвездите на Пинк“, Јелена вели:

-Седеше покрај мене и знам со колку гнев зборуваше за „Пинк“, колку не ги сака- изјавува Јелена Карлеуша за Шабан.

„Заминувањето на Шабан беш ме изненади. Седеше покрај мене и со гнев зборуваше за „Пинк“, колку не ги сака, беше против нив, зборуваше дека му направиле доста зло. Тој дури и ги тужеше! Жал ми е што Шабан погреши и замина во тој тим кој има ужасен рејтинг уште од минатата сезона. Па навистина е Шабан (сељак), вели Карлеуша.

Претходна статијаKoга хармоникашот “Босанац” свири на свадба тоа изгледа вака: Купишта пари на сите страни
Следна статијаДенеска е голем празник: Секоја жена вечерва треба да ја каже оваа молитва за среќа