Голем број јавни личности, колеги, но и обични граѓани дошле да го погребаат пејачот Шабан Шаулиќ на Новите гробишта.
Испраќањето започна во 15 часот, а пејачот е закопан во Алеата на заслужните граѓани.
Гордана Шаулиќ одлучи својот сопруг да го испрати со стиховите од песната „Не плачи душо“, која тој му ја посветил во 1984 година, кога среде ноќ дошол пијан дома заедно со пријателите.
Шаулиќ пред само 4 месеци открил како била создадена оваа песна.
Едно утро дојдов дома со екипа од доста пијани другари. Гоца ме нападна зошто влетавме како „Индијанци“. Ме праша што правам и сè ми изназборува, рече Шаулиќ во последното гостување во емисијата „Балканска улица“.
Свесен дека е виновен, тој се сетил како ќе ја смири бесната сопруга, па во свој манир ѝ ја испеал оваа песна која ја смислил во тој момент.