Родени под среќна ѕвезда: Убедливо најсреќни во животот се овие два хороскопски знаци

0

За некои луѓе се вели дека се родени под среќна ѕвезда затоа што на секое поле имаат среќа во животот.

Но, според астролозите можеби тие не се родени под среќна ѕвезда, туку во вистинскиот хороскопски знак. Овие два знака се убедливо најсреќните.

Стрелец

Стрелец е знак на среќа, радост, егзотика, со голема љубов кон храна, пиење, патување, музика, борба против неправдите, владетел на човековите права, и пријателството кои му се императив од кој се црпи. Тој е со млад дух, прекрасен естетски изглед, спортски тип, сака благороден спорт и тенис.

Стрелецот е аристократ, понекогаш бунтовник, ја почитува традицијата, но сепак оди по свој пат. Стрелец е свештеник, астролог, пророк.

Големите награди, медали, воени заслуги само доаѓаат од силниот Јупитер. За да бидете шампион во спорт или победник во војната мора да го имате силниот Јупитер во наталниот хороскоп.

Стрелците се големи дипломати, кои не се плашат да ги прекршат правилата на игра, ако таа одлука ги направи сите среќни. Тие се искрени и учтиви луѓе, но ако се однесувате нефер кон нив, ќе го изгубат трпението. Како и на сите други луѓе, така и на позитивните стрелци може да им се случат депресивни расположенија, а таа нивна страна од карактерот ја кријат од светот.

Стрелците секогаш оставаат впечаток на отворени и позитивни личности, па дури и кога не се чувствуваат расположено, тие умеат да се замаскираат пред останатиот свет, криејќи ја песимистичката страна од нивниот карактер.

Мозокот на стрелците е како сунѓер кој вечно впива информации, знаење и вистина. Овие луѓе секогаш се желни за учење нешто ново и никогаш не се задоволуваат со она што го знаат. Стрелецот чита сè што ќе му падне на рака, а неговиот изострен и бистар ум му помага да го запомни сето она во кое вложува напор и енергија.

Успешни ѕвезди родени во овој знак се музички легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер.

Близнаци

Тие секогаш се на вистинското место, во вистинско време. Тие умеат да разговараат, интересни се и поради тоа луѓето едноставно ги обожаваат. Од секоја ситуација тие се извлекуваат на шармот. Тие се манипулативни, па така тие лесно се пикаат под кожа на луѓето. За нив се вели дека исто така ќе те однесат „жеден преку водата”.

Близнаците се весели и оптимистички луѓе кои имаат потреба постојано да бидат во акција. Тие не толерираат досада и монотонија, а во нивната глава секогаш има многу идеи кои често не доаѓаат на ред да се реализираат.

Тие се исклучително дружељубиви и забавни, а комуникацијата со околината и размената на идеи е потреба за нив. Близнаците никогаш не мируваат па така имаат многу хоби и интереси. Тие често се многу информирани и можат да работат во различни боласти

Никогаш не е здодевно со нив.

Близнакот е навистина најдруштвениот хороскопски знак во зодијакот. Доколку тој се најде во улога на организатор на журка, бидете сигурни дека сте составен дел од еден спектакуларен настан. Од разни видови мезиња, до фантастични оброци, близнакот ќе ги наполни со задоволство стомаците на сите свои гости, а воедно ќе се погрижи секој добро да се забавува.

Близнакот е секогаш во „центарот на забавата“ бидејќи може да го прилагоди неговото ниво на ентузијазам во однос на моменталната прилика. Тој ќе се чувствува сосема удобно доколку се наоѓа во парламент, на службена вечера или на рок концерт, бидејќи сите околности му нудат можност да ја вежба неговата интелектуална острина и да разменува идеи со различни типови луѓе.

Близнакот е секси љубовник, кој ги знае сите добри сензуални чекори. Тој има големо чувство за уметничката страна на љубовта, а на неговиот флерт никој не може да остане рамнодушен. Близнакот обожава романтични активности, кои ќе го одведат кон една умствена авантура од која ќе му се помати умот.

Сè додека неговиот партнер, умее да го одржува нивото на интрига и возбуда во врската, близнакот ќе биде фасциниран и нема да му биде досадно. Дефинитивно не сакате на близнак да му досади од вас, бидејќи ако тоа се случи, сè што ќе ви остане е сеќавањето за него.

Претходна статијаВозачот на автобусот кој се преврте кај Ласкарци имал казна за непочитување на возниот ред
Следна статијаСите лекари останале занемени: Вака Сања ja победила тешката болест