Присутните на комеморацијата скршени од болка: Требаше заедно да остареме, ме издаде, отиде без мене

0

Комеморацијата поради трагичната смрт на пејачот Шабан Шаулиќ се одржува во свечената сала на Собранието на Белград.

На комеморацијата се собрале многу негови колеги, јавни личности и почитувачи на неговата музика, како и неговите деца.

„Тешко е да се прифати вистината. Шабан Шаулиќ не е физички повеќе меѓу нас, кралот на народната музика. Со кој куме,. јас да пеам, кога најчесто пеевме заедно?

На вашата последна слава се лутеше што нема музика, а јас сакав да си поразговараме и бев среќна. Ти беше мој пејач, за сите времиња, патувај со ангелите, наша гордост и нека ти е вечна слава“, рекла Зорица Брунцлик.

„Денеска тагува цела Србија и твојот сакан Шабац, и милион твои обожаватели ширум светот, а тоа сум и јас, Твојата Гордана, Санела, Илда, Михајло, внуците беа твојот храм, секогаш одеше дома да собереш сила, љубов, убавина која ти е потребна после долгите и тешки патувања, а тие несебично ти даваа и беа со тебе.

Останавме непобедлив тандем, раѓавме хитови, а имаше многу. Беше моја вечна инспирација.

Беше добар, чесен, скромен човек, ни сам не знаеше колку си голем. Се договоривме да остареме заедно, да се дружиме и да ловиме риби. Ме издаде, отиде пред мене и однесе дел од мене“, изјави долгогодишниот соработник на Шабан Шаулиќ, Раде Вучковиќ.

Шабан Шаулиќ ќе биде погреебан денеска во 15 часот во Алеата на заслужните граѓани со песната која во 1984 година после опијана ноќ ѝ ја пеел на Гордна, неговата сопруга.

Песната „Не плачи душо“, Шабан ја снимил во 1984 година, а баладата стамнала хит ширум СФРЈ.

Кралот на народната музика настрада во неделата, 17. фервруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија, кога се враќал од настап.

Претходна статијаНив им е судено: Меѓу овие хороскопски знаци љубовта е најсилна
Следна статијаОва е последниот аплауз за кралот на народната музика – Цел регион денес плаче и тагува