Пријателите и колегите се простуваат од Шаулиќ – Цеца: Пејач како што е Шабан треба да почива во „Алејата на великаните“

0

Колеги, соработници, пријатели од сферата на јавниот живот се неутешени поради заминувањето на големиот пејач. Бројни колеги и пријатели изразија сочувство до семејството на трагично настраданиот Шабан Шаулиќ.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се прости од својот колега во кој загина во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

„Не знам што да кажам, во шок сум, претажна сум. Цело семејство и јас занемевме, ова е трагична вест. Сочувство до семејството Шаулиќ. Пејач како што е Шабан треба да почива во „Алејата на великаните“, изјавила Цеца.

„Јао, мајко мила! О, боже! Што е ова? Што сè случило? Извини не можам да зборувам. Шокирана сум“, изјавила пејачката Мира Шкориќ.

„Вчера се избакнав со него“, кратко прокоментирал Кеба и заплакал на слушалката во разговор со новинарите.

„Јао, Боже, па зар е можно? Ма дај! Легендо, не можам да прифатам дека ова навистина се случило. Пример, крал, доктор на музиката, еве и тебе ти дојде крај на патот. Проклет замор и се што доведува до вакви катастрофи. Твоите песни ќе ги пејам до крајот на животот. Ти ќе останеш крал. Фала за сите совети, за дружењата. Ми беше чест што те познавав. Ќе бидеш засекогаш во нашите срца. Вечна ти слава и фала за се“, напишал Слободан Васиќ на Инстаграм и додал.

„Еве не нас, крале. Ова е кога си дојден кај мене во ресторан да се дружиме. Овде се смеевме. Јас ќе те паметам таков. Не сакам повеќе да пишувам. Премногу сум тажен и едноставно не можам да го сватам ова. Тешко е да се навикне човек. Ќе ми недостигаш. Ќе ги пееме твоите хитови. Те сакаме“, завршил Васиќ.

„Што да кажам? Првата комшица трчајќи стигна кај мене и ми кажа, а потоа се слушнав со Владо Перовиќ и ми потврди. Не можам да верувам. Ни отиде нашето божество. Ни отиде естрадното царство. Сега сè е завршено. Нека му е лесна земја. Маченик беше колку работеше, толку километри помина. Спиеше со микрофонот. Никој не го мразеше. Никој нема за него и неговото семејство да каже еден лош збор. Сите почнувавме со него, за нас беше Бог“, изјавила Нада Точагиќ.

„Отиде мојата кукла. Не можам да дојдам при себе. Испив лекови, но не помагаат. Хасам ме повика и ми рече дека заминал мојот брат, отиде нашата зеница. Вечрва не можев да спијам, имав некое лошо претчуство, кое никогаш не ме има издадено. Утрово го испратив синот Јован на Златибор и му кажав полека да вози, а тоа никогаш му го немам кажано. Како сега ќе живееме без Шабан, без нашиот брат?“, изјавила Злата Петровиќ.

„Баш сум во шок. Оваа година е страшна. Што да кажам ова е навистина страшно“, изјавила Марина Туцаковиќ.

„Драги Шабане, почивај во мир. Ми беше чест да запознаам така добар човек и да соработувам со вистински Крал. Твојот глас и срце ќе живеат вечно“, изјавила Александра Ковач.

„Молам? Што велите? Немојте да сè шегувате со мене. Зошто тоа ми го правите? Кој умрел? Како? Не, кажете ми дека тоа не е вистина“, изјавила Слаѓана Трајковиќ во разговор со новинарите.

„Како ќе му кажам на мојот Џани? Тој сега е во авион, ништо не знае. Шабан му беше како татко. Како тој ќе го поднесе сето ова?“, изјавила Слаѓана.

Ние толку години минавме заедно дружејќи сè и работејќи. Јас нема да верувам дека ова е вистина. Како да го изгубив најомилениот човек во семејството“, изјавил композиторот на Шабан, Раде Вучковиќ.

Претходна статијаОфицијални податоци од германската полиција: Шаулиќ седел на совозачкото седиште
Следна статијаШабан како да предчуствувал – на последниот настап пеел тажни песни: Одлазиш,одлазиш, рушиш ми сне