Не кријам дека сум во врска: Ирена Спировска конечно го покажа партнерот ФОТО

0

Таа е препознатливо лице од тв екраните, која зад себе има успешна 25 годишна кариера.

Ирена Спировска е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена. Приватно најголема радост ѝ е ќерката Зорица, а е и активен член на НВО „Борка“.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење. Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина. Сепак тоа што посебно ќе го издвоиме за неа е стилот, кој кај неа варира во однос на работните обврски, промоциите на кои се појавува или пак тоа што обожава да го носи во слободното време.

Една од нашите најубави и најангажирани водителки Ирена Спировска е среќно вљубена. Спировска неодамна во друштво на својот партнер се појави на модна ревија на домашен дизајнер, пренесува „1ТВ“.

Според информациите на телевизијата, Спировска и партнерот за кој велат дека е од Велес се држеле за рака за време на ревијата, што е забележано на фотографијата.

Спировска е позната како личност која не го експонира својот приватен живот.

„ Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски магазин.

Претходна статијаСопругата на Миле Јанакиески, Сања потресена: Го провоцирале па го нападнале лица од „Диво Насеље
Следна статијаМицкоски не го пуштаат да го види Јанакиески во болница – повикано засилување ВИДЕО