Мицкоски не го пуштаат да го види Јанакиески во болница – повикано засилување ВИДЕО

0

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски е моментално во во ГОБ „8-ми септември“ со цел да го посети претепаниот Миле Јанакиески во затворот во Шутка.

На Мицкоски не му беше дозволено да влезе во болницата од страна на обезбедувањето. Иако прво му беше кажано да почека, потоа му пристапија униформирани лица кои му наредија да ја напушти болницата. Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистираше да го види повредениот Јанакиески, пренесе Курир.

Обезбедувачите побараа дополнително засилено обезбедување, со цел да го забранат пристапот до Јанакиески.

Миле Јанакиески со скршеница на раката е пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, додека Спиро Ристески добил медицинска помош по расечената аркада во стационарот во затворот.

На двајцата екс министри синоќа им беше определен притвор за случувањата од “27 април”.

 

Претходна статијаНе кријам дека сум во врска: Ирена Спировска конечно го покажа партнерот ФОТО
Следна статијаСопругот на Мира Медан ја исмева по втор пат Јелена Карлеуша ФОТО