Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше и Филип Пецовски од Скопје. Во првиот круг, Филип се претстави во одлично светло и публиката ја воодушеви со својот енергичен настап.
Тој за ментор ја одбра Јелена Карлеуша со која деновиве работеше на негово претставување во вториот круг.
Македонскиот пејач Филип Пецовски повторно ја крена на нозе публиката во „Ѕвездите на Гранд“, но и Јелена Карлеуш.
Таа од почетокот на настапот го бодреше 21-годишниот Филип, пееше и играше со него, а на Саша Поповиќ цело време му раскажуваше колку е добар: неговата емоција додека пее, сценскиот настап и односот со публиката. Публиката го дочека со бурен аплауз и воодушевување, исто како и на првиот настап.
Филип овојпат ги пееше „Лагала нас мала“ од Тоше Проески и Тони Цетински и „Уби ме ти“ од Бобан Рајовиќ. Тој доби пет гласа од жирито и директно се пласираше во третиот круг.
„Така се пее во Македонија. Јас тебе те обожавам“, рече Карлеуша по настапот на Филип.
Карлеуша седеше на столчето до Поповиќ и го следеше енергичниот настап на Филип.
Тој со своите интерпретации ја крена публиката на нозе и направи вистинска атмосфера.
Пецоски освои вкупно пет гласа и директно помина во следниот круг.
Настапот на Филип почнува на 2:07:32 минута.