Ја совладаа емоции: Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ се расплака пред публиката

0

Популарната Српска пејачка Ана Севиќ имала неочекувана „драма“ за време на снимање на емисија во Гранд.

Најпрвин имала мака со фустанот, за кој мислејќи дека камерите се изгасени побарала и конец за да се санира штетата, но тука не бил крајoт.

За време на емисијата директорот на Гранд ја потсетил Ана на некои спомени кои ги имала со Дарко. Додека ги гледала снимките, на пејачката и потекле солзи, па се обидела да ги сокрие од камерите, вртејќи се кн публиката.

Додека се обидувала да се смири таа само прокоментирала:

„Жал ми е што Дарко си дозволи такво нешто себеси“ мислејќи на тешката сообраќајка, па нејзината колешка Милица Павловиќ ја гушнала и и подала марамче за да не ја упропасти шминката.

Пејачката Ана Севиќ за српски Блиц признава дека сфатила како Даниел Недељковиќ е човекот на нејзиниот живот, но и дека Дарко Лазиќ се уште ги нема потпишано документите за развод.

Имено Ана претходните месеци имаше турбулентен период, а кога Дарко Лазиќ почна да закрепнува од сообраќајката, таа вели дека се тргнало по вистинскиот пат. Таа планира наскоро да застане на лудиот камен, но и недостига едно нешто, Дарко да ги потпише документите за развод.

Таа истакнува дека разделбата од Дарко не била лесна.

Разводот и разделбата се сами по себе тешки, едноставно тоа е животен пораз на кој никој не е подготвен. Колку и да сте свесни дека тоа ќе се случи, кога ќе дојде до него, тешко е. Не знаеш како тоа изгледа, се завршува нешто што си мислел дека секогаш ќе трае, тоа не се лесни работи.

Сепак сега се помина и одиме во еден убав правец. Дарко закрепнува. Тој се уште не ги потпишал документите за развод. Не би навлегувала во детали зошто не го направил тоа – рекла Ана и открива како Лорена го поднела овој тежок период.

Лорена е многу мала и Дарко всушност никогаш не беше тука. На неа не и беше чудно, некако сето тоа е дел од нејзиниот живот. Тој викенди работеше, преку недела исто така не беше со нас, така што тоа не и беше голема промена за неа. Се гледаат кога тој и да посака таа да биде кај него, кога и да посака да ја чуе, ја слуша – рекла Ана.

Додека пак Дарко периодов ужива со својата бремена девојка, која инаку деновите го прослави својот 20 родеден.

Славеничката Марина Гагиќ блескаше во црвен труднички фустан, додека пак пејачот носеше бела кошула и искинати фармерки.

-Најубав роденденски подарок, напиша Марина мислејќи на бебето кое го чека со Дарко.

Парот за неколку месеци ќе станат родители и го очекуваат синот кој одлучија да се вика Михаило.

Парот пред извесно време им откри на фановите дека прославува годишнина од врската со својата девојка Марина Гагиќ која е бремена, а сето тоа го направи преку видео каде во позадина се слушаше македонска музика.

Марина преку фотографија го покажа и големиот труднички стомак и позитивно ги изненади фановите, погледнете.

Претходна статијаБившата на Тошиќ распали по Карлеуша: Не ми е јасно како можела да го замени Душко со Врањеш
Следна статијаВо моментов снег трупа во овие делови од Македонија, силен ветер и блокирани патишта – на овие места е најкритично