Бившата на Тошиќ распали по Карлеуша: Не ми е јасно како можела да го замени Душко со Врањеш

0

Владана Раилиќ, мисица од Белград која ја мувале Душко Тошиќ и Огњен Врањеш, потврдила дека била во емотивна врска со сопругот на Јелена Карлеуша.

Деталите не сакала да ги открие, како ни точното време кога уживале во врската. За разлика од Тошиќ, на чие додворување одговорила, со Врањеш никогаш не сакала ни кафе да пие.

Владана и Душко се гледаа неколку месеци. Се почна со допишување на Инстаграм, а се заврши со скапи подароци, вечери и патувања. Иако врската беше тајна, тие на јавни места се однесуваа како вистински заљубен пар – рекол извор близок на манекенката.

Како што понатаму објаснил, врската морале да ја прекинат бидејќи се заљубиле еден во друг.

На неа од самиот почеток и беше јасно дека тоа ќе биде кратко и тајно, како и тоа дека тој никогаш нема да ја остави сопругата. Меѓутоа не можеше ниту да претпостави дека би можела да се заљуби во него, како и тој во неа. Разделбата им падна тешко, ама беше неминовна-објаснува изврот.

Владана не сакала да зборува за своето минато со Тошиќ, за на крај да ја потврди приказната.

Јас ништо не би коментирала. Во долга и сериозна врска сум, свршена и не сакам да зборувам за минатото. Што било, било. Можам само да ви кажам дека Душко е прекрасен човек и татко и одличен фраер. Не ми е јасно како Јелена можела да го замени со онаков селјак како Врањеш – рекла Владана и додала:

Врањеш со години ми пишуваше и муваше, но со него не би пиела ниту кафе. Душко го знам одлично- била таинствена убавицата.

Познатата српска пејачка, Јелена Карлеуша, има богато искуство кога се работи за изборот на мажи. 41 годишната турбо-фолк ѕвезда често ги менуваше партнерите.

Во средината деведесеттите години, Јелена беше во врска со еден од водачите на Земунскиот клан Зоран Давидович-Чанда.

Во 2002 година Јелена сними албум за продуцентската куќа „БК саунд“ кога се запозна со еден од наследниците на богатата империја Кариќ, Бојан.

Брзо стапија во брак, но уште побзо разведоа,. Јелена тогаш изјавуваше дека причина за разводот се разликите во карактерите.

По Бојан, Јелена беше во врска со контроверзниот бизнисмен Владан Мариќ кој беше познат по врската со хрватската старлета Нивес Целзиус.

Среќата во љубовта ја најде во 2007 година кога го запозна фудбалерот Душко Тошиќ. Таа е седум години постара од него и Душко кога се запознале ја излажал дека има 26 години а не 20. Во бракот со Душко имаат две ќерки Атина и Ника.

Барем во јавноста со нивната љубов се беше во ред се додека не изби скандалот со анонимниот фудбалер Огнен Врањеш. Иако тие сеуште објавуааат заеднички фотографии на кои се гледа дека нивниот брак не е загрозен, многу од медиумите објавија дека Душко подготвува развод.

Претходна статијаФевруари им носи стара љубов на овие хороскопски знаци-конечно ќе бидете заедно!
Следна статијаЈа совладаа емоции: Поранешната сопруга на Дарко Лазиќ се расплака пред публиката