Семејството се уште е во шок по трагичната вест која силно одекна низ целиот регион- кралот на фолк музиката загина во сообраќајна несреќа!
По тажните вести во домот на Шабан Шаулиќ започнаа да се собираат голем број на естрадни ѕвезди, роднини и пријатели, а неговите син и ќерка веднаш заминаа во Германија на местото на несреќата.
Дома заедно со сопругата на пејачот остана и неговата ќерка Илда Шаулиќ која исто така е пејачка.
Убавата и симпатична пејачка изгледа потиштено, прекриена во црно камерите на Телеграф.рс ја уловија во семејниот двор.
На Инстаграм профилот на Илда, постојано пристигнуваат пораки со сочуство и утеха а една од нив беше: „Илда само напред, пеј зошто тато те слуша“ гласел еден од кометарите.
Илда ја знаеме сите, но таа е помалата ќерка на Шабан Шаулиќ. Неговата постара ќерка е Санела, не е пејачка, но во јавниот живот е позната по тоа што е мажена за познатиот фудбалер Зоран „Бата“ Марковиќ, кој во еден дел од својата кариера ги бранеше и боите на европскиот гигант Јувентус.
Санела и Зоран се во брак шест години и ја имаат ќерката Уна. Еве како парот изгледа заедно:
Фудбалерот стана татко на својот 42-ри роденден, а тој и Санела многу ретко се појавуваат во јавноста.
За разлика од Илда, Санела не ја сака јавноста и не сака да зборува за својот приватен живот.
Постарата ќерка на Шабан и Марковиќ се во врска од пролетта 2011- та година, а се венчаа во мај 2016-та година. Од присутните, на свадбата беа само родителите и кумовите.
Пред бракот со Марковиќ, Санела десет години беше во брак со Иван Аџиќ, со кого го има синот Лука.